Грајфсвалдски универзитет
![]() Грајфсвалдски универзитет (службено Универзитет Ернст Мориц Арнт Грајфсвалд; германски: Ernst-Moritz-Arndt-Universität Greifswald) — јавен истражувачки универзитет, сместен во Грајфсвалд, Германија, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Основан во 1456 (со предавање постои од 1436[1]), тој е е еден од најстарите универзитети во Европа, со генерации на познати дипломци и наставен кадар, кои студирале или работеле во Грајфсвалд. Како четврти најстар универзитет во денешна Германија, додека привремено бил најстар универзитет во рамките на Кралствата Шведска (1648–1815) и Прусија (1815–1945), соодветно. Околу две третини од 12.000 студенти доаѓаат надвор од покраината. Поради атмосферата на мал град, присуството на студентите од самиот универзитет е многу изразено, па поради тоа, Грајфсвалд често е опишуван како „универзитет со град изграден околу него“, наместо град со универзитет. ПоврзаноНаводиНадворешни врски
54°5′40.70″N 13°22′28.65″E / 54.0946389°N 13.3746250°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia