Над кралскиот шлем со златенплашт поставен со ермелин, царствена круна, над која има златен вперен стоечки лав царствено крунисан
Штит
Маршалување: Прво и четврото, црвено, 3 златни лавови вперени во од со сини канџи и јазици поставени вертикално (Англија), второ, златно, црвен разгневен лав во црвена двојна внатрешна бордура украсена со цвета на крин на двете страни (Шкотска), трето, сино, златна харфа со сребрени жици (Ирска); четвртините за Англија и Шкотска си ги менуваат местата на шкотскиот грб.
Држачи
Десно, златен вперен лав царствено крунисан, лево, сребрен еднорог со златни стапала, грива, и рог, и окрунат со златна круна украсена со тефтонски крстови и цвета на крина, на која е закачен ланец поставен помеѓу предните нозе и позади грбот
Кралски грб на Обединетото Кралство (англиски: Royal Coat of Arms of the United Kingdom) — државен грб на британскиот монарх, моментално кралот Чарлс III. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (наречено Scotland Office).
Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.
Челенката е лав кој ја носи царска круна, која самата е друг приказ на таа круна.
Левиот штитодржач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот штитодржач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец,[1] како што се двата еднорози-штитодржачи на кралскиот грб на Шкотска.
Кралот има посебна верзија на грбот за Шкотска, каде шкотските елементи имаат почесно место.
Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина е прикажан лавот на Шкотска; во вториот, трите лава на Англија, додека во третиот се неоѓа харфата на Ирска.
Штитодржачите стојат на спротивни страни и двата ги носат круните на нивните кралства. Левиот штитодржач е крунисан и опкован со ланци енорог, кој ја симболизира Шкотска. Десниот штитодржач е крунисан лав, која ја симболизира Англија. Помеѓу секој штитодржач и штитот стои копје (ланцета) на кое е истакнато знамето на секое кралство.
На грбот стои и мотото Nemo me impune lacessit („Никој не ме повредува неказнет“) како и, околу штитот, the околувратникот на Орденот на Црниот Трн.
Други земји во Обединетото Кралство
Официјалната ирска кралска челенка речиси никогаш не се појавува на грбот на Обединетото Кралство, бидејќи, за разлика од Унитарниот Акт од 1700 г. со Шкотска, Унитарниот Акт од 1800 г. со ирска не предвидува посебна ирска верзија на кралскиот грб.
Меѓутоа четвртината со харфа е симбол на Ирска на обете варијанти на грбот. Поради ова, во шкотската верзија останува само една англиски четвртина, а во англиската останува само една шкотска четвртина. Така, Англија, Шкотска и Ирска се претставени на сите верзии на кралскиот грб од времето кога сите тие потпаднале под еден владетел.
За разлика од ова, на кралскиот грб го нема Велс, бидејќи со Унитарниот Акт од 1707 г. Велс се сметал за составен дел на Англија согласно т.н. Акт за Велшките закони 1535-1542, и така може да се каже дека Велс веќе е претставен на англискиот грб. Велс бил кралство под власта на велшките кралеви, од кои некои го обединиле под една круна, но со англиските освојувања Велс престанал да постои како правен ентитет. Оттогаш, наследник на монархот е Принцот од Велс.
Со доаѓањето на власт на Тјудорските кралеви и кралици, кои самите биле од велшко потекло, велшкиот змеј почнал да се употребува како штитодржач за кралскиот грб. Нивните наследници ова го отстраниле, па шкотската династија Стјуарти го замениле тјудорскиот змеј со шкотски еднорог како штитодржач.
Во XX век, грбот на кнежевството Велс бил додаден како подштит (мал штит) кон грбот на Принцот од Велс. Како негова лична стандард, во Велс се вее знаме со тој грб, со зелен подштит со неговата круна. Таканреченото Перје на Принцот од Велс е хералдичка значка, а не грб на штит, но во секој случај ова не е велшки симбол. Перјето води потекло од англиските принцови на Велс (кои пак ова му го должат на подвиготна Едвард, Црниот Принц во Битката кај Креси) и носи германско мото. Во секој случај, перјето не е дел од кралскиот грб, а Принцот од Велс од него се откажува кога ќе стане крал.
Кралскиот грб како што е прикажан погоре може да го користи само самиот крал. Тој исто така може да се најде и во судниците, since бидејќи во Обединетото Кралство монархот е извор на право и судот е дел од дворот на владетелот (затоа на англиски court значи и „двор“ и „суд“). Судиите официјално се претставници на Круната, и затоа зад судијата на ѕидот стои кралскиот грб.
Британската влада исто така го употребува кралскиот грб како национален симбол на Обединетото Кралство, и, во тоа својство, грбот може да се види на разни владини документи и формулари, пасоши, на амбасади и конзулати итн. Меѓутоа, кога е во употреба на владата, а не на самиот владетел, тогаш грбот е прикажан без шлем. Ова е случај и со шкотскиот грб, верзија во употреба на Министерството за Шкотска.
Кралскиот грб редовно се појавувал на монети Кралската ковачница меѓу кои, на пример, од 1663, Гвинејата и, од 1983 наваму, монетата од £1. Во 2008, Кралската ковачница има издадено серија нови дизајни за сите седум монети од £1 и надолу, од кои секоја го содржи кралскиот грб. Целосниот кралски грб стои на монетата од една фунта, на другите помали монети стојат негови делови, така што би можеле заедно да се состават како сложувалка и повторно да го сочинат целиот грб.[2]
Кралиот доделува Кралски повластици на разни фирми кои го снабдуваат кралското семејство. Со ова фирмите можат да го истакнуваат кралскиот грб на нивните продавници, производи и репроматеријали.
Кралскиот стандард е знаме со мотиви од грбот, кое се вее кога кралиот престојува во дворецот, како и на јавни згради само кога е присутна кралиот. Во кралските резиденции како во замокот Виндзор или Бакингемската палата, главната резиденција на кралиот, кралскиот стандард се вее со цел да се покаже дека кралиот престојува таму. Овој протокол подеднакво важи и за резиденциите на кралиот во Шкотска, (Холирудската палта и замокот Балморал), каде се вее кралиот стандард за Шкотска. Кога монархот не престојува, се вее државното знаме, а пак во Шкотска се вее древниот кралски стандард на Шкотска.
Денешниот кралски грб е комбинација од грбовите на кралствата кои го сочинуват Обединетото Кралство, и можат да се проследат сѐ до првиот грб на кралевите на Англија и кралевите на Шкотите. Низ годините се јавуваат разни промени, особено со придодавање на грбовите на други освоени или барани територии. Оваа таблица ги проследува промените во кралскиот грб од првите грбови на кралот на Англија, Хенри II и кралот на Шкотите, Вилијам I.
Хенри VI го вратил здружениот француско-англиски грб со неговото враќање на престолот.
1471 - 1554
Едвард IV го вратил својот грб кога повторно го зазел престолот.
1554 - 1558
Мери I го здружила нејзиниот грб со оној на нејзинот сопруг, кралот на Шпанија Филип II.[4] Иако таткото на кралицата Мери, Хенри VIII, ја зел титулата „Крал на Ирска“ и таа потоа прешла на кралот Филип, самиот грб не бил сменет за да го прикаже Кралството Ирска.
Црвен лав на жолто поле со двојна кралска ризница, со наизменични кринови, за првпат употребен од Вилијам I, а подоцна од неговите наследници, па така станал хералдички симбол на Шкотска.
За време на Државната заедница и Протекторатот се менуваат грбовите, кои сега се состојат од грбот на Англија, Шкотска и Ирска маршалувани со грбот на Оливер Кромвел на штит во средиштето.[4]
Унитарниот Акт од 1801 г. ги обединува кралствата Велика Британија и Ирска. Кралот Џорџ III се откажува од древното барање за право врз францускиот престол. Кралскиот грб се менува, со тоа што сега Англија стои на првата четвртина, Шкотска на втората, и Ирска на третата. За Изборното кнежевство Хановер има подштит врз кој стои кнежевска капа. Во 1816 г. таа била заменета со кралска круна, бидејќи Хановер бил прогласен за кралство.[4]
1837 - денес
Со крунисувањето на Кралицата Викторија завршува персоналната унија помеѓу Обединетото Кралство и Хановер, бидејќи Салискиот законик налага дека на хановерскиот престол не може да дојде жена. Штитот на Хановер е тргнат, а кралскиот грб останува ист.[4] Со стекнувањето на британскиот монарх на други титули, како да пример Цар на Индија, не се направиле обиди за промена на грбот. Харфата на Кралството Ирска останува на грбот, и покрај расцепот во 1921 и фактот што наследникот на Ирската Слободна Држава, Република Ирска го напушта Британскиот Комонвелт во 1948. Кралскиот грб не содржи конкретни елементи за Северна Ирска или Велс, бидејќи тие не се кралства. Северна Ирска и денес останува административна единица на Обединетото Кралство, составена од деветте грофовии во Алстер (провинција на Кралството Ирска). Велс пак, некогаш независно кнежевство, потпаднало под Кралството Англија по англиските освојувања. Меѓутоа, Принцот од Велс има грб за Велс во средиштето на неговиот личен грб. (Во Шкотска се користи посебна верзија на кралскиот грб).
Други варијанти
Кралско семејство
Членовите на британското кралско семејство добиваат свои лични грбови засновани на кралскиот грб. Само деца и внуци на монархот по машка линија имаат право на ваков грб. Грбовите на децата на монархот се одликуваат со тризабен ремен; внуците пак врз грбот имаат петзабен ремен. Исклучок од ова е најстариот син на Принцот од Велс, кој добива трозабен ремен. Од 1911, на грбот на Принцот од Велс стои и подштит (мал штит) со древниот грб на Кнежевството Велс.
Сопругите на монарсите и нивните синови исто така добиваат свои лични грбови. Обично ова е грбот ан сопругот здружен со нејзин личен грб или татковиот грб. Меѓутоа сопрузите на владеачки кралици немаат право да го користат кралскиот грб. Затоа Принцот Филип, Војводата од Единбург користи свој личен грб.
Следниве членови на кралското семејство моментално имаат грб заснован на кралскиот грб:
Британската влада користи верзија на кралскиот грб без шлем и челенка, и како резултат на тоа круната стои врз штитот. За сето она што се однесува до Шкотска, Министерството за Шкотска ја употребува шкотската верзија, и тука без шлем и челенка.