Грб на Општина Куманово
Грбот на Општина Куманово ― грб, кој е всушност амблем, на Општина Куманово. Милош Костадинов во 1970 година напишал статија за општинската хералдика и дошол до заклучок дека само седум општини во Социјалистичка Република Македонија користеле грб,[1] од кои едната била Општина Куманово. Грбот бил сменет од осамостојувањето на Македонија од поранешна Југославија. Во 2012 година Јован Јоновски од Македонскоto хералдичко здружение го опишал сегашниот грб и како „нехералдички“ и „квазихералдички“.[2] Кумановскиот грб е поставен на таканаречениот шпански штит.[3] На штитот е прикажана градба (Занаетчискиот дом), статуа на жена од Спомен костурницата Македонка, жолто сонце, 1519 година (кога името Куманово било најдено во османлиски документ), името на градот со кирилско писмо. а на дното еден жолт лист од тутун, сето тоа на црвена позадина. ![]() Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia