Општина Куманово
Општина Куманово — општина во североисточниот дел на Република Македонија. Административно средиште е градот Куманово. Проширена е општината со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога кон општината се припоиле општините Орашац и Клечевце. ГеографијаОваа општина се наоѓа во Североисточниот Регион во состав на Република Македонија, источно од главниот град Скопје, западно од Крива Паланка, и се простира до границата со Србија. Населени места![]() Општина Куманово содржи вкупно 46 села и населени места, т.е.[2] градот Куманово и селата: Агино Село, Бедиње, Бељаковце, Биљановце, Брзак, Вак'в, Винце, Воиновиќ, Габреш, Горно Коњаре, Градиште, Д’лга, Доброшане, Довезенце, Долно Коњаре, Живиње, Зубовце, Јачинце, Карабичане, Клечевце, Кокошиње, Колицко, Косматац, Костурник, Кутлибег, Кучкарево, К’шање, Лопате, Љубодраг, Мургаш, Ново Село, Новосељане, Орашац, Пезово, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Скачковце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези, Четирце и Шупљи Камен.
Демографија![]()
Податоци од пописот извршен 2002 година[3]
Самоуправа и политикаГрадоначалнициГрадоначалник на општина Куманово е Максим Димитриевски од редовите на За наше Куманово. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Куманово е составен од 33 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се: СДСМ: 10 места
За наше Куманово: 8 места
ВМРО-ДПМНЕ: 7 места ДУИ: 4 места АА: 2 места
Беса: 1 место
Левица 1 место
Седиште на Општина КумановоПоранешното седиште на општината била во зграда во т.н. Касапски круг.[5] Денешното седиште на Општина Куманово се наоѓа во средиштето на Куманово, на улица „11 Октомври“ б.б.[6]
БуџетНа крајот од 2019 година, 218 лица биле вработени во општинската администрација на Општина Куманово. Во 2019 година, вкупните буџетски расходи на општината изнесувале 1,654 милијарди денари. Во вкупните буџетски расходи, 55,15% биле тековни расходи, 26,13% биле трошоци за стоки и услуги, 12,66% биле капитални расходи и 5,91% други расходи. Од вкупните буџетски приходи на општината, дури 70,33% отпаѓале на трансферите од централната власт, учеството на даночните приходи изнесувало 11,59%, 15,31% отпаѓало на неданочните приходи, 1,66% биле приходи од продажба на земјиште и 0,87% приходи од донации. Поради наталожените неплатени обврски, од 2013 година, општината работела со блокирана сметка во подолг временски период, а нејзината сметка била деблокирана дури во март 2020 година.[7]
Културни и природни знаменитостиВо околината на Куманово се наоѓа познатата неолитска опсерваторија Кокино, која од НАСА е рангирана помеѓу најстарите четири во светот. Култура и спортВо Куманово постојат спортски клубови кои можат да се пофалат со своите спортски достигнувања.Најпознат клуб во куманово сега за сега,2013 година,е Кошаркарскиот клуб.Клубот се натпреварува во првата Супер лига на Македонија и во Балканската БИБЛ лига.За големите успеси се заслужни и неколку навивачки групи од кои најпозната е КУМАНИ која е оформена во 1990 година.Секогаш е како играч плус во сите спортови во градот. Ракометниот клуб-мажи, исто така се натпреварува во првата Македонска лига,кој со млади играчи се наоѓа во транзиција Боксерскиот клуб на Куманово е клуб со најмногу трофеи во градот.Моментално клубот не постои,но ветрините ги красат неколку пехари од освоениот златен гонг на Македонија.Од освоени трофеи може да се пофалиме и со бронзената медаља од олимпијадата во Монтреа на нашиот најзаслужен спортист по кој се распознава градот,а тоа е Аце Русевски.Исто така и Реџеповски кој го освои второто место на Европското првенство и бронза на олимпијада.Витрините се закитени и со трофеи од сите турнири во бивша Југославија. Фудбалскиот клуб Куманово не постои но и Куманово има Приватен Фудбалски клуб Башкими кој се натпреварува во првата Македонска лига со една титула Првак на Македонија и една куп на Македонија. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia