Грегори Купе

Грегори Купе
Лични податоци
Роден на 31 декември 1972(1972-12-31)(52 г.)
Роден во Ле Пјуј-ан-Веле, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001810000001,81 м
Играчки податоци
Позиција голман
Повлекување 3 јуни 2011 (38 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1997 Сент Етјен Сент Етјен 88 (0)
1997-2008 Олимпик Лион Олимпик Лион 518 (0)
2008-2009 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 6 (0)
2009-2011 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 40 (0)
Репрезентација
2001-2008 Франција Франција 34 (0)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Грегори Купе (роден во Ле Пјуј-ан-Веле, Франција на 31 декември 1972) — поранешен француски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Во својата долга кариера играл за само четири клуба и тоа Сент Етјен, Лион (11 сезони), Атлетико Мадрид и Париз Сен Жермен.

Кариера

Клупска кариера

Својата младинска кариера ја започнал во екипата од родниот град Олимпик Ле Пјуј, а од 1993 година ја започнал својата професионална фудбалска кариера во екипата на Сент Етјен. Во клубот останал до 1997 година кога се преселил во Лион. Во периодот кога овој клуб бил во подем, Купе бил една од поважните алки во клубот и тој имал огромен придонес во освојувањето на незаборавните седум титули едноподруго во Француското првенство. Покрај тоа Купе освоил и 5 Суперкупа и по еден трофеј во Купот на Франција и Лига купот на Франција, а во 2008 година потпишал за Атлетико Мадрид, напуштајќи го Лион по цели 11 години во клубот. Во Атлетико имал една неуспешна сезона во која одиграл само 6 натпревари по што веќе следното лето се вратил во Франција за да игра за Париз Сен Жермен. Во двете сезони со Парижаните, не успеал да освои никаков трофеј, па по завршувањето на сезоната 2010-11 решил да ја заврши својата кариера.[1]

Репрезентативна кариера

Купе бил репрезентативец на Франција седум години од 2001 до 2008 и ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и две Европски првенства (2004 и 2008).

Титули

Клубови

Франција Олимпик Лион

Репрезентативни

Франција Франција

Надворешни врски

Наводи

  1. „Скилачи и Купе продадени; Клебер Андерсон позајмен“ (PDF). OL Group. 18 јули 2008. Посетено на 9 February 2012.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya