Гренландска фока
Гренландска фока (Pagophilus groenlandicus)
Еден од најраспространетите видови фоки во крајните северни области се раѓа со бело крзно кое на младенчињата им служи за камуфлирање во мразот. Возрасните фоки имаат сребресто-сива боја и се прошарани со темни дамки што со текот на времето стануваат се повидливи. Гренландската фока се храни главно со риби и ракови. Живее на јужниот раб на арктичката ледена покривка, каде и лежи додека се митари. На почетокот на пролетта возрасните женки раѓаат по едно младенче, кое го дојат само 12 денови. Тогаш младенчињата го менуваат своето бело крзно и почнуваат да пливаат. Повеќе децении младенчињата на овие фоки се цел на ловците кои ги ловат поради квалитетното крзно. И покрај кампањите на борците за заштита на животните, ловците и натаму годишно убиваат окоолу 250,000 младенчиња на овие фоки. Природни непријатели на овие фоки се ајкулите, белите мечки и китовите-убијци.[2][3][4][5][6] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia