Григорис Фалиреас, познат како капетан Закас (името се среќава и како Фалиреас Григориу, грчки: Γρηγόρης Φαληρέας, Καπετάν Ζάκας) бил грчки офицер, деец на грчката вооружена пропаганда, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
Роден е во селото Припица, на полуостровот Мани на територијата на денешната дема (општина) Левктрос. Учествувал како доброволец во Критското востание, а по него завршил грчко воено училиште.
На 22 мај 1906 година под псевдонимот капетан Закас (според грчкиот револуционер Теодорос Закас) влегува во Македонија со андартска чета од 30 души и зел учество во борбата против Македонската револуционерна организација во Костурско.
На 15 март 1907 година испратил писмо до селаните на Б’мбоки, заедно со Лазар Апостоловски (Лазарос Апостолидис), Лукас Кокинос и други, во кое истакнал:
„
Браќа, сметам дека ми е должност што ви го пишувам сегашново писмо, за да ве посоветувам да престанете да имате глупава идеја, дека е можно Елинска Македонија да стане бугарска земја. Вистина е дека и вие се лажете од некои маскари и бесчесници кои ви дадоа идејата дека сте Бугари [б 1][б 2] , но, за бога, зошто да не ги прашате своите предци, татковци и дедовци, тие да ви кажат какви сте и затоа што сте научиле неколку криви бугарски зборови, мислите дека сте Бугари ... Соберете си го умот во главата и пробратетесе во Елини-христијани, како порано, затоа што, ако до 20 април не се преобратите, ќе влезам како бесен во селото и нема да оставам ништо, ниту жени, ниту деца, ниту кучиња [1].
“
На 16 јули 1907 година четите на Закас и капетан Гермас (Николаос Цотакос) биле опколени во селото Лошница од страна на турските сили, во текот на борбата андартските чети биле разбиени, Лицас загинал, а Закас успеал да се спаси. Германос Каравангелис за него вели:
„
Закас (Григориос Фалиреас - денес генерал) и Гермас (Николаос Цотакос од селото Герман од епархија Итилу, Лаконија, подофицер тогаш) имаа по една доста добра чета и се бореа машки и систематски. Закас дури беше влегол во Тиолишча, Кладороби и во други села и беше казнил некои од бугарите [б 1][б 2], кои злосторуваа.[2]
“
Биста на капетан Закас во Костур.
Фалиреас како грчки офицер учествувал во Балканските војни, а во текот на Грчко-турската војна бил командир на 44. пешадиски полк. Се пензинирал од грчката армиија во 1933 година како генерал-полковник.
↑ 2,02,1Во Османлиското Царство не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед.
Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија.
Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед.
Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманското Царство кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци.
Христијанското население кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат Македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари.
Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
Извори
↑Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 267-268.