Лошница
Лошница (грчки: Γέρμας, Гермас; до 1928 г. Λόσνιτσα, Лосница[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција.[3][4] Географија![]() Селото се наоѓа на 25 км југоисточно од Костур.[3] Лежи во котлина на Лошничка Река (Порос), која се образува од потоците Јазовино (извира во подножјето на Јаза, над Куманичево и тече на југ) и Муричка Река (Муриксио, извира западно под врвот Мурик). Лошница е сместена меѓу планините Саракина на запад и Мурик на исток.[5] Атарот зафаќа површина од 47 км2. Од нив 7,1 км2 се обратоблива земја, а 17 км2 се шуми.[3] ИсторијаПраисторија и антикаЛошница за првпат е населена во неолитот. За ова сведочат три утврдени места во јужниот дел на селото — две во месноста Мелиси и една во месноста Кастри. Во древномакедонскиот период во местноста Керасово имало важна населба. Таму има многу урнатини од древномакедонско, римско и рановизантиско време. По традиција, таа населба е првото седиште на Шишанската митрополија, уништено околу 500 г. од Готите на Аларих I.[3] Во Отоманското Царство![]() Селото првично било македонско, а потоа е погрчено.[4] Во првите векови на османлиското владеење на планината имало неколку малки сточарски села — Пираса, Свети Илија, Керасово, Билија, Лошница, Јазија, Саракина, Турија и Гостун. Околу 1750 г. жителите на Пираса, Свети Илија, Керасово и Билија биле подложени на напади от турски разбојници и за поголема сигурност се населиле во Лошница. Жителите на Саракина се преселиле во Горенци, на Турија во Костараџа, а на Гостун во Богатско. Жителите на Јазија се населиле во Горенци, Куманичево и Чурилово, но еден дел и во Лошница — семејството Дјафис, оставајќи ја својата земја во завештение на Чуриловскиот манастир — подоцниот чифлик Кукуфика. Жителите на Свети Илија се преселиле во куќите на семејството на Ахмед-бег, убиено во април 1800 г. од капетан Муцо (Муцогрекос). Бидејќи му припаѓале на родот Санација, маалото го добило името Санациско.[6] Потоа во Лошница се изградени две цркви — парохиската „Св. Ѓорѓи“ во селото и гробишната „Св. Атанасиј“ на истоимениот рид. Во периодот од 1763 до 1777 г. Козма Етолски ја посетил Лошница на два наврата, а при првата посета го основал училиштето во селото. Во 1761 г. населението ја обновило поголемата парохиска црква „Св. Ѓорѓи“, а во 1775 г. ја украсиле со раскошен дрвен иконостас и убави преносни икони.[3] Три лица од Лошница зеле учество во Грчкото востание во 1821 г. — Мисиос, убиен во Негуш за време на Негушкото востание, Довас и Кациапис, загинати при пробивот кај Месолонги.[3] Во 1878 г. свештеникот Апостолос Зундикос се потпишал во името на жителите на Лошница и заедно со други жители на Шишанскат епархија испратил протестна нота до Големите сили против планираното присоединување на македонските територии кон новосоздадената бугарска држава.[3] Во 1889 г. Стефан Верковиќ ја опишал Лошница како село со 130 куќи. Данокот им бил 11.650 пјастри, а инание-аскерие било 6.600. Во селото имало едно училиште.[7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лошница било село во Клисурската нахија на Костурска каза со 600 жители Грци христијани.[8] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лошница се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 80 куќи.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лошница имало 400 жители Грци.[10] За врмее на Грчката вооружена пропаганда во Македонија од 1904 до 1908 г. Лошница била база и прибежиште за многу андартски чети кои војувале во Костурско, Леринско и Кожанско. На 16 јули 1907 г. четите на Николаос Цотакос - Гермас и Григорис Фалиреас - Закас се обиколени од турска војска во месноста Калогерико кај Лошница и во борбата загинале Цотакос и Василиос Цимбидарос заедно со 21 четник.[3] Грчка статистика од 1905 г. го претставува селото како двапати поголемо со 1500 жители гркојазични Грци.[11] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор.[3] Таа година броело 903 жители, а во 1920 г. во истото се попишани 900 лица.[4] Няколку лица од Лошница учествувале во Грчко-турската војна (1919-1922). Георгиос Пројос загинал во битката кај реката Сангариос.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Гермас, по псевдонимот на андартскиот капетан Николаос Цотакос.[3] На пописот од 1928 г. селото покажало пораст на 1.024 жители.[4] За време на Втората светска војна се одиграла битка помеѓу германски единици и грчка паравоена чета, и тогаш селото е опожарено.[12] Селото настрадало и од напади на Германци, Италијанци и Бугари, со 10 загинати жители. Во Граѓанската војна загинале уште 48 лица.[3] По војната започнало иселување во прекуокеанските земји.[4] Селото традиционално е познато по гравот и житото.[4]
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Во селото има осум цркви: парохиската „Св. Ѓорѓи“, гробишната „Св. Атанасиј“, пештерната „Св. Троица“ и „Св. Константин“, „Воскресение Христово“, „Св. Кузман“, „Св. Ирина“ и „Успение на пресв. Богородица“ во поранешното село Керасово.[16] Културни и природни знаменитости
Литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia