Григоровичево евангелие бр. 9
Григоровичево евангелие бр. 9 — македонски кирилски ракопис од 1301-1307 година. Се чува во Руската државна библиотека – поранешна Ленинова, во Москва под бр. 1691. ОписГригоровичевото евангелие бр. 9 е составено од 38 листа пергамент и 20 листа бомбицина. Кодексот е заведен под бр. 9 во збирката на В. И. Григорович, кој го донел од своето патување низ европска Турција од 1844 до 1846 година. Според распоредот на четивата во рамките на целата книга, Григоровичевото евангелие е полн апракос од типот на српското Мирославово евангелие. Нивната предлошка веројатно била глаголичка и е поврзана со Св. Климентовата традиција во рамките на Охридската книжевна школа. Од Охрид, веројатно преку Света Гора, овој тип апракос е пренесен во Русија, каде што со извесни дополнувања и измени доживува голем број преписи, од кои најпознати се М’стиславовото и Јурјевското евангелие. При возвратното руско влијание, м’стиславовскиот тип полн апракос се проширил и во Македонија. Зачуван е во неколку ракописи, од кои најзначајни се Карпинското и Радомировото евангелие. Особено е интересно што Охридската книжевна школа не го прифатила рускиот тип полн апракос, зашто Охрид веќе имал свој тип полн апракос.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia