Глаголското писмо или глаголица (старословенски: , ⰽⱛⱃⰻⰾⰾⱁⰲⰻⱌⰰ) — најстарата позната словенскаазбука. Била создадена од Св. Кирил (827 — 869) и Св. Методиј (826 — 885) во 855 или околу 862/863 за преведување на Библијата и други книги на словенски јазик. Името доаѓа од старословенскиот збор, што значи „зборува“, „кажува“, „говори“, „вели“, „изрекува“. На старословенски се користи зборот „Кириловица“ за оваа азбука.
Букви
Глаголицата има 38 букви, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во повеќето словенски јазици. Другите букви се со непознато потекло. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон.
Хрватската глаголица има долга и интересна историја, подолга од 1000 години. Хрватите биле единствениот народ во Европа кому папата му има дозволено да се користи со сопствениот јазик и писмо во црквата.
Друга теорија (видете Црноризец Храбар) вели дека глаголицата се заснова на старословенски руни (цртки и рецки), кои се користеле само за свети текстови во словенската религија.
Историја
Глаголицата е првото словенско писмо составено од Св. Константин — Кирил Филозоф пред заминувањето на познатата Моравска мисија во 863 година.[1] Писмото е составено врз основа на гласовниот систем на македонскиот дијалектен говор од Солунскиот крај, врз чијашто основа Светите Кирил и Методиј формирале општословенски книжевен јазик.[1]Ростислав, кнезот на Велика Моравија, сакал да го ослободи словенскиот народ во неговото царство од зависноста од источните франкиски свештеници и затоа, во 862 побарал од византискиот цар да му прати дваjца мисионери, Свети Кирил и Методиј, во Велика Моравија. Кирил создал нова азбука: глаголица. Азбуката била користена во Велика Моравија помеѓу 863 (кога Кирил и Методиј пристигнале таму) и 885 за владини и црковни документи и во Великоморавското училиште основано од Кирил, каде се образувале следбениците на солунските браќа (како и самиот Методиј).
Во 886, источнофранкискиот епископ на Нитра по име Вихинг го забранил писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Потоа тие се распрснале или, според некои извори, биле продадени како робови. Меѓутоа тројца од нив, стигнале до Бугарија и од нив било побарано од страна на царот Борис I да ги образуваат свештениците на словенски јазик. По прифаќањето на христијанството во Бугарија во 864, верските церемонии биле изведувани на грчки од свештеници пратени од Византија. Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмо и и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.
Оттаму, учениците патувале по разни места и ја ширеле азбуката. Некои отишле во Хрватска, откаде ја започнале хрватската варијанта која се користела многу долго време. Во 1248, папата Инокентиј IV им дал на хрватите уникатна привилегија да се користат со тој јазик и писмо во црквата.
Некои од студентите на Охридската школа отишле во Бохемија каде таа азбука се користела во 10 и 11 век, заедно со други писма. Глаголицата исто така се користела и во Русија, меѓутоа прилично ретко.
Мора да се потенцира дека кирилицата не е создадена од учениците на Кирил и Методиј. Причините за тоа се многу едноставни-тие од почит кон своите учители ја задржале глаголицата во Охридската школа и ја продолжиле нивната дејност. Кирилицата води делумно потекло од грчкото писмо, со (најмалку 10) уникатни словенски букви кои доаѓаат од глаголицата. Таа речиси целосно ја истиснала глаголицата за време на средниот век.
Денес глаголицата се користи само кај црковнословенските и понекогаш во литургиските книги на мајчин јазик во католичката Крижевска епархија во Хрватска.
Зборот „Македонија“ на глаголица и старословенски, заоблена форма.
Азбуката има две варијанти: заоблена и аглеста. Кај заоблената варијанта доминираат кругови и криви линии, додека во аглестата прави агли и трапезоиди.
Видете го приказот на двете варијанти или на следната врска за подетално. Кај аглестата варијанта се користат лигатури многу пообилно отколку кај кирилицата и латиницата.
Книгата „Македонската глаголица“ (2015) од акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов со детален приказ и објаснувања на сите глаголски букви и ракописи напишани и најдени во Македонија (кликнете за да го отворите во целост).
↑Čunčić, Marica (1999). „Duktus tipaua glagoljskoga pisma“ [Ductus of the types of Glagolitic script]. Filologija (хрватски). Zagreb: Staroslavenski institut (32): 33.
Користена литература
Fucic, Branko: Glagoljski natpisi. (In: Djela Jugoslavenske Akademije Znanosti i Umjetnosti, knjiga 57.) Zagreb, 1982. 420 p.
Fullerton, Sharon Golke: Paleographic Methods Used in Dating Cyrillic and Glagolitic Slavic Manuscripts. (In: Slavic Papers No јануари ) Ohio, 1975. 93 p.
Gosev, Ivan: Rilszki glagolicseszki lisztove. Szofia, 1956. 130 p.
Jachnow, Helmut: Eine neue Hypothese zur Provenienz der glagolitischen Schrift - Überlegungen zum 1100. Todesjahr des Methodios von Saloniki. In: R. RathMayr (Hrsg.): Slavistische Linguistik 1985, München 1986, 69-93.
Kiparsky, Valentin: Tschernochvostoffs Theorie über den Ursprung des glagolitischen Alphabets In: M. Hellmann u.a. (Hrsg.): Cyrillo-Methodiana. Zur Frühgeschichte des Christentums bei den Slaven, Köln 1964, 393-400.
Miklas, Heinz (Hrsg.): Glagolitica: zum Ursprung der slavischen Schriftkultur, Wien, 2000.
Белешки: Закосените букви означуваат мртов јазик. Поморскиот јазик немал своја азбука, а полапскиот користел германска азбука. Рутенскиот јазик покрај кирилицата користел и латиница и арапско писмо, каде двете биле прилагодени според фонетскиот систем.