Гроздовица
Гроздовица[1], гроздова ракија или лозова ракија – вид ракија која се добива со дестилација на превриен клук на свежо грозје.[2] Тоа значи дека по гмечењето на грозјето не се одвојува вино. Две недели по завршувањето на тивкото превривање клукот се подвргнува на дестилација. Дестилацијата се врши на умерен оган. Од 100 килограми суровина се добиваат околу 15 литри гроздовица со јачина од 50 % алкохол. Содржина на гроздовицата[2]Гроздовицата содржи:
Технологија на производствоТехнологијата за производство на гроздовица опфаќа:
Начин на добивање![]() Гроздовицата се добива со дестилација на превриен клук (шира и комина) од грозје, при што нема одвојување ниту шира, ниту вино по превривањето на клукот. Крајот на вриењето се утврдува со ексолов широмер. Се зема дел од клукот и течноста се тура во мензура, па во неа се става широмерот. Доколку ферментацијата е целосна, широметарот ќе покаже вредност околу 0. Доколку покажува вредности од 15 до 20 ексолови степени, значи дека клукот сè уште содржи шеќер , па треба да се причека ферментацијата да биде целосна. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia