Гронинген (покраина)
Гронинген (хол. Groningen холандски изговор: [ˈɣroː.nɪ.ŋə(n)] ( ГеографијаЗемјиштето е претежно искористено за земјоделски цели. Кај Слохтерен се експлоатира големо наоаѓалиште на земен гас. Покраината има и многу места и објекти од историско значење и стари зданија во речиси секое село. ИсторијаГронинген првобитно бил дел од Фризија, а околу 785 г. што влегол во состав на Царството на Франките. Карло Велики му ја доверил христијанизацијата на ова ново владение на мисионерот Лудгер. Во XI век, подоцнежниот град Гронинген бил село во покраината Дренте, во состав на Утрешката епископија, а најголемиот дел на покраината припаѓала на Минстерската епископија. Во средниот век, централната власт била мошне оддалечена, па затоа градот Гронинген функционирал како град-држава со превласт над околните места како Омеланден. Околу 1500 г., царот Максимилијан I му ги дал Гронинген и Фризија на војводата на Саксонија Алберт III, но овој не успеал трајно да ја наметне својата власт. Во 1514/15 г. Гронинген му припаднал на војводството Гелдерн, а во 1536 на Хабсбуршките Ниски Земји. Во 1594 г. Холандската Република извојувала победа во покраината и ја припоила кон себе. Гронинген останал во нејзин состав до денешно време. Култура
![]() НаречјеВо гронинген традиционално се говори типично холандско долносаксонско наречје наречено „гронингс“ (Gronings Grönnegs/Grunnegs) со локални нијасни. Денес, голем дел од населението не го употребува овој говор. Ова е особено случај во градот Гронинген, каде добар дел од населението е доселено од други краишта. Општини
Познати личности
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia