Фризија (покраина)За други значења на поимот, погл. Фризија (појаснување).
Фризија или Фрисланд (западнофризиски: Fryslân; холандски: Friesland) — покраина во северниот дел на Холандија и дел од поголемата историска област Фризија. Покраината има 646.000 жители (2010), а нејзин административен центар е градот Леуварден (фриз. Љоуверт) со 91.817 жители. До 1996 г, името на покраината гласело Friesland според холандскиот правопис, кога покраинскиот совет одлучил да го замени со изворното фризиско име Fryslân.[1] Во 2004 г. решението добило потврда и од владата на Холандија на државно ниво.[2] ГеографијаФризија е најголемата покраина во Холандија доколку се вбројат водните површини, а само по земјишна површина е трета. Најголемиот дел е копнен, но покраината има неколку острови: Влиланд, Терсхелинф, Амеланд и Схирмониког, поврзани со копното со траектен сообраќај. Највисока точка во покраината е место на островот Влиланд, со 45 м надморска височина. Има четири национални паркови: Схирмониког, Де Алде Фјанен, Лауверсмер (го дели со Гронинген) и Дрентско-фризиската шума (го дели со Дренте). ИсторијаПериодот од 400-200 п.н.е. го бележи појавувањето на прафризиската култура, која подоцна се развила во попрепознатлив облик. Во 12 п.н.е. Римјаните ја зазеле Фризија со походот на војсководецот Друз Постариот во Германија. Во VII и VIII век во областа се развило Фризиското Кралство. На почетокот на средниот век, Фризија се протегала од денешната граница со Белгија до реката Везер во Германија. По припојувањето кон Франкиското царство, Фризија била поделена на три дела, а на почетокот на XI век во западниот дел на областа се појавила нова сила, грофовијата Холандија. Јазик и стопанствоФризија е единствената покраина во Холандија со свој јазик, западнофризискиот, кој е воедно застапен и во мал дел од соседната покраина Гронинген на исток. Најсродни на него се останатите фризиски јазици што се говорат во Германија: источнофризискиот (сатерски) што се говори во Затерланд и севернофризискиот, застапен во Северна Фризија. Сите тие се во блиско сродство со англискиот јазик. Стопанството е претежно земјоделско, со познати автохтони раси на домашни животни како што е фризиското говедо и црниот фризиски коњ. Значаен удел во стопанството има и туризмот: главни одредишта се езерата во југозападиот дел на покраината и Ваденското Море на север. Градови![]() ![]() ![]() Старите градови во Фризија се следниве:
Најголеми градови
Извор: Fryslân.nl (1 декември 2009), општ. и CBS Демографија
Периодот од 1880 од 1900 бележи забавен природен прираст. Поради земјоделска криза, 20.000 Фризи се иселиле во САД.[5] Уште од доцниот среден век, Фризите биле познати како особено висок народ, меѓу највисоките во индоевропската група. За ова сведочат стиховите во делото „Пеколот“ од италијанскиот хуманист Данте Алигиери, каде опишува еден демон кој е толку висок, што тројца високи Фризи нема да го надминат ако застанат еден врз друг.[6] Клима
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia