Должината на гулабот изнесува 32-34 cm, распонот на крилјата околу 63 cm, должината на опашката 10 cm, а тежи околу 330 гр. Женката е нешто помала од мажјакот. Во својата основна форма е со сива боја и зелени и виолетови одблесоци на главата и вратот, но градските форми се појавуваат во најразлични бои. На крилјата се наоѓаат две црни ленти и еден обоен црн прстен околу вратот. На долниот дел од грбот се наоѓаат посветли пердуви. Женката е со нешто посветла боја и има значително помал сјај на градите и вратот. Со помош на зашилените крилја гулабот лета вешто и брзо.
Исхрана
Домашни гулаби се хранат со пченица
Гулабот се храни со зрна од житарици, коров, репки, моркови, грашок и лен. Иако за време на сеидбата, гулабите јадат жито или друг житни растенија, тие јадат многу повеќе семки од различни видови на коров, на коишто им придаваат предност дури и кога имаат избор, затоа гулабите се покорисни од она што се мисли.
Размножување
Columba livia
Додека дивите варијанти на гулаби гнездата ги градат на стрмни карпи, градските гулаби за таа цел користат мостови, издадености над прозорци и слични градби. Женката до трипати годишно снесува во гнездото по две јајца. Двата родители седат на јајцата и се грижат за младите птички. Исто така, тие остро го бранат подрачјето на гнездење и ги бркаат сите натрапници, клукајќи со клунот. Откако ќе се спарат, мажјаците и женките остануваат заедно до крајот на животот.
↑Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 32-34.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 180-181.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 162-163.
↑Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 33.
↑„Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 48.
↑Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 289-304.