Поради својата плодна творечка кариера, Јаневски бил одликуван со поголем број награди и признанија, меѓу кои наградите „АВНОЈ“, „11 октомври“ и „Браќа Миладиновци“. Во негова чест во паркот „Жена-борец“ во Скопје, бил поставен споменик изработен од академикТоме Серафимовски . Покрај тоа, во негова чест е именувана и читална во Скопје, која била пуштена со работа во 2013 година.
Во 2013 година, Комисијата за лустрација на Македонија објавила дека дошла до заклучок дека Славко Јаневски бил соработник на југословенските тајни служби. Ова резултирало со остри реакции и неприфаќање на одлуката од страна на МАНУ, ДПМ, и пошироката македонска јавност.[1]
Советот на Град Скопје, 2020 година ја прогласи за година на Славко Јаневски, во чест на стогодишнината од неговото раѓање.[2]
Животопис
Јаневски бил роден во Скопје, каде што завршил основно и стручно-техничко училиште. Учествувал во НОБ.[3] Од 1945 година, Јаневски бил уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, како што се: списанието за деца „Титовче“, списанијата за книжевност и уметност „Нов ден“ и „Современост“, книжевниот весник „Хоризонт“ и хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работел како уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга “ и „Македонска книга“.
Во јуни2013 година, Комисијата за лустрација против Славко Јаневски спровела постапка на лустрација, во којшто утврдила дека соработувал со тајните служби. Имено, според Комисијата, тој следел писатели и уметници, користејќи го псевдонимот „Славјан“, и тврдел дека нивните дела претставуваат лоша книжевност.[4][5][6] Реакции против ваквата одлука пристигнале од страна на МАНУ, Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН-центар и пошироката културна јавност во Македонија.[7][8][9] МАНУ дури јавно побарала преиспитување на одлуката,[10] но барањето било отфрлено од страна на Комисијата за лустрација како неаргументирано.[11][12]
Творештво
Јаневски е автор на многуброjни книги за деца, патописна проза, збирки раскази, романи и поезија, коишто се преведени на повеќе светски јазици.
Библиографија
Творештвото на Јаневски ги опфаќа следниве дела:[3][13][14][15]
Јадранка Владова истакнува дека Јаневски е автор без кој не може да се замисли какво и да е претставување на македонската книжевност вокоја тој има неодминливо место како книжевноста за возрасни така и во детската книжевност, како во прозата така и во поезијата. Притоа, негвото врвно место произлегува не само оттаму што тој е еден од зачетниците на современата македонска книжевност, туку тој е недопирлив според квалитетот на своето дело. Притоа, Јаневски има необично важно место во македонската книжевност за деца, која тој ја направил рамноправен соговорник на светските вредности.[18]
Според Георги Старделов, поезијата на Јаневски се одликува со повеќе одлики, како: хумор, фантастика, критичност, магија, сублимација и жива човечка историја. Во основата на неговата поетска имагинација лежи хуморот, т.е. неговата поезија е неделива од хуморот, кој најмногу доаѓа до израз во разорувањето на конвенциите. Истовремено, тој дава една од најбезмилосните критика на балканската варварска идеологија. Тој е поет на изненадувањето, на авантурата, на овоземните миракули, поет на нескротлива, еруптивна поетска имагинација, кој го отфрла секој можен ред и поредок. Во поетското искуство на Јаневски се напластиле: словенско-паганска емоционалност, сетилност и хедонизам, пантеизам и во неговата поезија е сублимирана македонската поетска митологија, космологија, демонологија, етнологија итн.[19]
Во спомен на неговото дело, на 29 јануари2010 година, во паркот „Жена-борец“ во Скопје бил откриен негов споменик, дело на академскиот вајарТоме Серафимовски. Исто така, во Општина Центар во 2013 година била отворена читална именувана во негова чест.
Значење и влијание
Кусиот расказ „Кажувањето на Еразмо“ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година е инспириран од ликот Гедеон-Еразмо од расказот на Јаневски, „Другата страна на непостоењето“ од збирката „Зад тајната врата“ од 1993 година.[21] Исто така, Јаневски е тема и на кусиот расказ „Кога ќе помислам на Славко Јаневски“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[22]
На Јаневски му е посветена песната „Оче наш“ на македонскиот поет Анте Поповски.[23]
Наводи
↑Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 106.
↑„Библиографија на делата на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми, Скопје: Темплум, 2014, стр. 133-136.
↑„Библиографија на книгите за деца на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски, Како така? Зошто така? Сè да знае светов сакал!. Скопје: Темплум, 2014, стр. 151.
↑„Библиографија на делата на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми, Скопје: Темплум, 2014, стр. 136.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 23-26.
↑„Георги Старделов за поезијата на Славко Јаневски (фрагменти)“, во: Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми, Скопје: Темплум, 2014, стр. 140-143.