Далечинско гледањеДалечинско гледање (Remote Viewing - RV) се однесува на обидот да се дојде до информации од далеку или за нешто што не се гледа во моментот, со употреба на паранормална или вонсетилно восприемање. Од „гледачот на далечина“ се очекува да даде информација за предмет кој е скриен од неговото видно поле или е на некоја голема далечина.[1][2][3] Овој термин е првпат употребен од парапсихолозите Расел Тарг и Харолд Путхоф во 1974 година.[4] Далечинското гледање станува популарно во 1990-тите години, откако се прикажани пред јавноста документите поврзани со Старгејт проектот, програма за истражување вредна 20 милиони долари спонзорирана од владата на САД за пронаоѓање на каква било потенцијална употреба на паранормалните појави за потребите на војската. Оваа програма е укината во 1995 година, како невредна за разузнавачката служба. ЕкспериментиПутхоф и Тарг во своите екперименти со далечинско гледање во Станфордскиот истражувачки институт, откриле дека испитаниците освен што биле во состојба вонсетилно да опишат далечни места кои експериментаторите ги посетувале во сегашноста, можеле да опишат и места кои експериментаторите ќе ги посетат во иднина, пред воопшто да е решено кое место да биде посетено.[5] Откритијата на Путхоф и Тарг со прекогнитивното гледање на далечина ги повториле бројни лаборатории ширум светот, вклучувајќи ја и истражувачката установа на Роберт Џан и неговата асистентка Дјун на Принстон. Џан и Дјун во триста триесет и четири официјални обиди откриле дека доброволците во шеесет и два отсто случаи изнесле точни прекогнитивни податоци.[6] Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia