Ова е список на проколнати места или места за кои е кажано дека се опседнати од духови или други натприродни суштества. Ваквите приказни спаѓаат делумно во историјата и делумно во легендите и фолклорот.
Австралија
Остатоците на Алкимос крај брегот, сликани во ноември 2006 година.
Алкимос е американски воен брод од Втората светска војна, кој доживеал бродолом, што се случил кај брегот од Западна Австралија во 1964 година. Остатоците од бродот сè уште пловат по водите, и се мета на бројни мистериозни приказни.[1][2]
Душевна болница „Арадејл“ е градба на рид во Арарат, Викторија, каде во еден момент биле вработени повеќе од 500 луѓе. Изгледал како град во самиот град и во моментот кога бил затворен (1993 година) имал 63 згради.[3]
Бичвортска лудница во Бичворт, Викторија е место за кое е објавено дека неколку духови на умрени ги вознемирувале станарите.[4]
Бордер Ин хотел (Фланаганс) во Бахус Марч, Викторија - За овој хотел од 1850-те години е објавено дека се чувствува присуство на духови, предметите сами се движат, пијаното свири само, а луѓето го чувствуваат допирот од невидливите духови.[5]
Англија
50 Беркли сквер - е најопседнатата куќа со духови во Лондон.[6][7]
Блу Бел Хил во Кент, поточно патот A229. Ова е местото каде што фантомска женска личност стопира. Колите застануваат да ја качат, а нејзе потоа ја снемува.[1]Архивирано на 5 март 2007 г..
Чилингемски замок, сместен во Нортамбрија, Англија. Страда од духови повеќе од 800 години. Бројни духови се видени овде и се смета за најопседнато место во цела Англија.
Во Дорсет се појавува дух со секира, кој јава на коњ. Од очевидците е опишан како воин од камено време.[8]
Аокигахара, шума во подножјето на планината Фуџи, е позната локација каде се извршени многу самоубиства. Можеби затоа оваа шума се смета за полна со духови.[11]
Канада
За владината куќа во Реџина, Саскачеван се зборува дека ја напаѓаат духови на деца, слуги, дури и еден бивш готвач. Се слуша смеење на деца и чекори, мебелот сам се поместува, а во огледалата се појавуваат страшни ликови.[12]
Николас Стрит Гаол во Отава, Онтарио, се вели дека е опседнат од духот на човек кој погрешно е обвинет за убиство и погубен. Зградата денес е младински хотел, но најгорниот спрат е оставен каков што бил пред сто години.[13]
Кина
Автопат Туен Мун, Хонгконг - Во текот на повеќе години, стотици луѓе изјавиле дека овој автопат е опседнат од духови Уште од 1978 година, многу животи згаснале овде поради сообраќајни незгоди. Високата смртност на овој автопат се обвинува за појавата на духови кои наеднаш излегуваат пред возачите на сред пат, со што предизвикуваат нагло вртење настрана со цел да бидат избегнати. Најчесто духовите се појавуваат ноќе.[14]
Македонија
САД
Гробиштата во Истон, Конектикат, кои датираат од 1600-те години, се најпосетуваните гробишта во цела држава од страна на духови. Неколкумина очевидци успеале да фотографират некои од духовите, меѓу кои се појавува и една „Бела дама“, за која се вели дека е снимена и на видеокамера. „Белата дама“ често се појавува на патот кој е излез од гробиштата.[15][16][17]
Слипи Холоу, Њујорк и околните шуми во долината на реката Хадсон се дома на повеќе духови, вклучувајќи ја и легендарната „Дама во бело“ и „Јавачот без глава“. Жителите на тоа место со векови раскажуваат дека „Јавачот без глава“ се појавува во мрачна и облачна ноќ.[18]
Хималаи
Монт Еверест - Дух на алпинист се појавува пред очевидците, меѓу кои двајца во 1975 година изјавиле дека го делеле скривалиштето со духот за време на нивното искачување. Некои веруваат дека ова е духот на алпинистот Ендрју Ирвин, кој исчезнал заедно со Џорџ Малори во 1924 година.[19]
Шкотска
Единбуршки замок - има многу духови, меѓу кои и еден тапанџија кој се појавува само кога замокот е во опасност од напад, како и еден гајдаџија кој исчезнал во тунелите меѓу замокот и Хај Стрит.[20]
Шпанија
Леркаро палата - кој се наоѓа во градот Сан Кристобал де ла Лагуна, тоа е духот се појавува Каталина Леркаро, кој според легендата, изврши самоубиство со скокање во јама на неговата палата се принудени да се омажи за човек што не го сакал.[21]
↑Iwasaka, Michiko and Toelken, Barre. Ghosts and the Japanese: Cultural Experiences in Japanese Death Legends, Utah State University Press, 1994. ISBN 0-87421-179-4