Дамаскинарска литература![]() Дамаскинарска литература или дамаксини се поучни зборници во кои било јасно нагласено дека се напишани на народен јазик.[1] Дамаскините се зборници со црковни проповеди, приказни, легенди и описи на настани и личности сврзани за христијанството. Првите дамаскини претставуваат превод од грчки на црковнословенски јазик со елементи од народниот јазик, и обид да се приближи книгата до народот. Постепено во нив преовладала мислата на грчкиот проповедник Дамаскин Студит, кој велел дека за народот треба да се пишува на едноставен и разбирлив јазик.[2] Нивниот најстар словенски превод е направен во втората половина на 16 век од епископот пелагониски и прилепски Григориј ѝ ги содржи словата на најпознатиот зборник на Дамаскин Студит „Сокровиште“. Во подоцнежните зборници од овој вид, внесени се слова и поуки од други автори, потоа апокрифни текстови, раскази со религиозна и световна тематика и слично. Интересната содржина и достапниот јазик се главните причини за нивната голема популарност кај нас, особено во 19 век.[3] Од Македонија водат потекло околу 200 дамаскини.[2] Најпознат меѓу нив е Крнинскиот дамаскин. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia