Старословенски јазик
Старословенскиот јазик или старомакедонски јазик[1] (стсл. Историја и поважни особиниСо големата преселба на народите дошло до раселување на многу народи и племиња, меѓу кои биле и Словените. Кон крајот на VI век од нашата ера словенските племиња веќе ја имале напуштено својата (претпоставена) прататковина во Закарпатието и се раселувале низ Европа. Раселувањето се движело главно во три правци: на исток низ Источноевропската Низина, на запад кон средна Европа и на југ кон Балканскиот Полуостров. Со распадот на оваа „племенска“ заедница на старите словени, дошло до јазично раслојување на словенските говори, односно на распад на прасловенската јазична заедница. Така се оформиле три големи групи дијалекти: источна, западна и јужна група. Секоја од овие групи пројавила (создала) сопствени особини кои ја разликувале од останатите, но се претпоставува дека овие разлики биле (до средината на IX век, т.е. до запишувањето на првите словенски зборови) сè уште мали и не толку значајни за да пречат во дирекната комуникација помеѓу говорителите на различни дијалекти. Од друга страна, пак, овие групи биле своевидни конгломерати, па во секоја од нив се јавувале поддијалекти. Така, крајот на VI век се смета за крај на постоењето на единствената прасловенска јазична заедница. Во почетокот на VII век словенските племиња масовно го преминуваат Дунав и се населуваат на Балканот. Тие главно се населуваат околу градовите, зачувувајќи ги своите верски и културни обичаи и секако својот јазик. Околу тоа како доаѓа до создавање на првото словенско писмо и како зачнала словенската писменост, консултирајте ја статијата за словенската писменост. Востановувањето на (старо)словенскиот јазик во пишана форма е директно поврзан со дејноста на византиските мисионери, светите браќа Константин Филозоф и Методиј (наречени и „Апостоли на Словените“) и покрстувањето на Словените. Родум од Солун, тие имале допир со Словените, ги познавале нивниот јазик и култура и имале голема улога во политичките игри на Византија кон Словените, секако клучна во нивната христијанизација.
Како што е речено погоре, старословенскиот јазик е всушност говорот (дијалектот) на Словените од околината на Солун, кој е избран за прв книжевен словенски јазик од проста причина што Светите Браќа многу добро владееле со него (како што се вели во Панонските Легенди: „...
Ова се основните особини на јазикот, кои го разликуваат од останатите словенски говори, меѓутоа тој носел одредени особини кои пак го разликувале од останатите, несловенски, јазици меѓу кои се: задолжителната употреба на двоината како граматички број, сите слогови се отворени, т.е. завршуваат на самогласка, постоење на вокални р и л (ŗ и ļ ), палатализација на заднонепчените согласки к, г и х, изедначување на генитивот и аблативот во корист на првиот, метатеза (промена на местата) во прасловенските групи: *or, *ol, *er и *el помеѓу согласки или во почетокот на зборот пред согласка, чувањето на супинот како посебна глаголска форма итн. Наведените одлики на јазикот се одржале многу кус период. Со ширењето на писменоста меѓу Словените, говорителите ги внесувале во книжевниот јазик нивните месни (локални) особини, па по извесен временски период се формирале т.н. рецензии или редакции на книжевниот јазик, односно негови варијанти. Кон почетокот на 12 век разликите меѓу овие варијанти станале доволно изразени, што се создале услови за формирање на посебни јазици; краен резултат на овој процес е создавањето на современите словенски јазици. Славистиката го именува периодот од зачетоците на словенската писменост до почетокот на 12 век како старословенски период, период на условна единственост на книжевниот јазик. Периодот од 12 век до конечното оформување на современите словенски јазици (некаде околу XVII-XVIII век) се именува како црковнословенски период, бидејќи традицијата на стариот јазик (со помали или поголеми отстапки) се задржала само во рамките на Црквата, каде старословенскиот (во различни варијанти) бил јазик на литургијата и богослужбата, па оттука и името црковнословенски јазик. Заради сè поголемиот углед на Руската православна црква по XII век и историските околности на Балканот (доаѓањето на Турците и замирањето на словенската книжевна активност), руската варијанта на црковнословенскиот јазик постепено се наметнала себеси како службен и литургиски јазик на Православната Црква. Така, веќе во 18 век ширум словенскиот свет се случува национално будење, па истовремено се оформуваат и модерните словенски јазици, што пак претставува крај на активното користење на црковнословенскиот јазик (во ова време веќе премногу оддалечен од народниот говор!), односно со старословенската традиција. Во денешно време употребата на јазикот е мошне ограничена, само во рамките на Православната Црква како јазик на богослужбата, паралелно со локалните јазици. Писмо
![]() ![]() Старословенскиот јазик се пишувал на две писма: глаголица и (старословенска) кирилица. Во славистиката општо е прифатен фактот дека глаголицата е писмото кое го создал Константин Филозоф, наречен Кирил. Во прилог на ова одат следниве факти:
Меѓутоа во Панонските Легенди при една мисија на св.Кирил на бреговите на Црно Море, забележено е следново:
Овој дел остава простор за шпекулации околу авторството на Кирил на глаголицата или воопшто - словенското писмо. Како и да е, во него не е подетално објаснето за какво писмо се работи ниту пак подоцна се навестува дека Кирил го употребил (или барем се угледал на ова писмо) при создавањето на глаголицата. Глаголицата, така, се смета за оригинално словенско писмо, иако познато е дека нацртите на одредени графеми се многу слични со оние од грчкото брзописно (минускулно) или хебрејското писмо. Кирилицата, пак, од друга страна е создадена некаде на почетокот на X век, најверојатно во Преславскиот книжевен центар од страна на Св. Наум - ученик на Светите Браќа. Таа е создадена по углед на грчкото уставно писмо и броела 44 букви заедно со прејотираните самогласки и неколку графеми за позајмени грчки гласови. Заради својата практичност, кирилицата многу брзо почнала да ја истиснува глаголицата како главно словенско писмо. Така се јавила поделба во употребата на писмата, на едната страна биле оние верни на традиционалноста (пред сè Охридската Книжевна Школа и слични институции во Хрватска), додека на друга страна биле книжевните центри кои ја прифатиле кирилицата (пред сè Преславската Книжевна Школа и сличните инстиуции во Србија и Русија). Со тек на време, глаголицата била сосема истисната од употреба, задржувајќи се само во хрватските краишта сè до XVIII век. Двете писма биле фонетски: еден глас - една буква, верно пренесувајќи го изговорот. Исто така секоја буква имала сопствена бројна вредност (и тука глаголицата била независна, додека кирилицата го следела грчкото писмо). Во науката, за претставување на старословенски зборови, во главно се користи кирилицата во нејзината постара, оригинална варијанта. Глаголицата се употребува само кога тоа е нужно. ГраматикаГраматички, старословенскиот јазик бил доста сложен и се одликувал со изобилие од форми и именски и глаголски. Именските зборови (именки, заменки, придавки, броеви) се менувале по падеж и број (освен броевите, секако) и припаѓале на одреден род (машки, женски или среден, или пак имале посебни форми за одреден род), глаголите се менувале по време, лице и број, одредени глаголски форми имале и род и падеж, а особено значајна е категоријата глаголски начин (аспект), односно поделбата на свршени (перфективни) и несвршени (имперфективни) глаголи. Постоеле, секако и неменливи зборови: прилози, предлози, сврзници и честички (партикули). Именски зборови
Именските зборови делат неколку заеднички менливи категории: род, број и падеж. Постоеле: седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, вокатив, инструментал и локатив; три рода: машки, женски и среден род и три броја: еднина, двоина и множина. Именките се менувале според повеќе парадигми (начини на промена), и тоа главно според основата, а не според родот. Постоеле пет вакви парадигми: О/ЈО-промена, А/ЈА-промена, И-промена, У-промена, ЪВ-промена и Согласнички промени. Заменките општо биле поделени на нелични и лични. Личните не разликувале форми за секој род, туку имале една, општа, форма; за разлика од нив пак, неличните различувале и род.
Придавките се дополнение на именките. За нив се врзува една карактеристична особина на јазикот; имено постојат два начини на нивна промена: проста или именска и сложена или заменска промена. Нивниот однос (разлика) е следниов: простата промена означува нешто новонаведено. новоспоменато, неодредено, додека сложената пак, нешто познато, одредено, однапред познато (за говорителите/читателите), слично како состојбата со членот во современиот македонски јазик. Глаголи
Глаголот е една од најспецифичните црти на старословенскиот јазик. Слично како кај именските зборови, и глаголите изобилуваат со форми. Некои од категориите и формите што ги пројавува глаголот се исклучиво словенски, други пак индоевропски. Според информацијата кој ја носи, глаголот ги има следниве категории:
Покрај наведените категории, постојат и следниве именски форми на глаголот:
За разлика од глаголите во латинскиот или старогрчкиот јазик, старословенскиот глагол морфолошки не разликувал состојба на глаголот - глаголски залог. Пасивноста на дејствието се означувала аналитички (перифрастично) со употреба на комбинации од пасивните партиципи и лично-повратната заменка. Фонетика
Во однос на современите словенски јазици старословенскиот пројавувал особени фонетски сложености, особено во самогласничкиот систем на јазикот, кој броел 11 гласа. Зборовите се состоеле од слогови кои завршувале на самогласка - отворени слогови. Исто така се вршела палатализација на веларните согласки пред самогласки од преден ред. Примери![]()
[[Оче наш|
Поврзано
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:
Извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia