Даниел Деј-Луис
Даниел Деј-Луис (роден 29 април 1957) е англиски глумец[1] со британско и ирско државјанство. Кратка биографијаРоден и пораснат во Лондон, тој глумел на сцената на Националниот младински театар, пред да биде прифатен во театарската школа Бристол Олд Вик, каде три години се школувал. Тој се смета за методичен глумец, познат по постојаната посветеност и истражувањето на улогата.[2] Често целосно останувал во улогата за време на снимањето на филмовите, до степен тоа негативно да му влијае на здравјето. Тој е еден од најпробирливите глумци во филмската индустрија, настапувајќи само во шест филмови од 1998 година, со по пет години расчекор помеѓу улогите.[3] Заради заштита на приватниот живот, ретко дава интервјуа и многу ретко се појавува во јавност.[4] Деј-Луис глумел во театар и на филм уште на почетокот на 1980-тите. Се приклучил на трупата Ројал Шекспир и го играл Ромео во Ромео и Јулија и Флут во Сонот на летната вечер, пред да се појави во филмот Баунти во 1984. Тој глумел во My Beautiful Laundrette (1985), неговата прва призната улога од страна на критиката а понатамошно признание од критиката добил и за филмот Соба со поглед (1985). Ја добил главната улога во филмот Неподнослива леснотија на постоењето (1988). Како еден од најреномираните глумци на неговата генерација, Деј-Луис добил бројни награди, вклучувајќи ги и трите оскари за најдобар глумец за неговите изведби во Мојата лева нога (1989), Ќе има крв (2007) и Линколн (2012), со што станал единствениот глумец во историјата со три победи во категоријата најдобар глумец.[5] За категоријата бил номиниран и за филмот Во името на Отецот (1993) и за Бандите на Њујорк (2002). Тој освоил четири BAFTA награди за најдобар глумец и два Златни глобуса. Во ноември 2012 година, Тајм го прогласил Деј-Луис за "Најдобар светски глумец".[6] Во јуни 2014 година, бил одликуван со титулата витез во Бакингемската палата.[7] Деј-Луис го објавил своето пензионирање во 2017, по завршувањето на улогата во филмот Phantom Thread.[8][9] ПочетоцитеДетствоДеј-Луис е роден во Кенсингтон, Лондон, како син на поетот Сесил Деј-Луис и на англиската глумица Џил Бејкон.[10] Татко му бил протестант роден во Ирска но живеел во Англија уште од двегодишна возраст а подоцна станал и поет-лауреат на Обединетото Кралство.[11] Мајката му била Еврејка. Нејзините предци биле еврејски имигранти кои во Англија дошле од Латвија и Полска.[12][13] Дедо му, сер Мајкл Бејкон, бил директор на Ealing Studios.[14] Две години по неговото раѓање, семејството се преселило во Крумс Хил, Гринич, југоисточен Лондон, каде што тој пораснал заедно со неговата постара сестра, Тамасин Деј-Луис, која станала режисер на документарни филмови и телевизиска готвачка.[15] Додека живеел во Гринич одел во две основни училишта[16] Тој често бил изложен на силеџиство најчесто поради потеклото.[17] Сепак, тој ги совладал локалните акценти и однесувања што му помогнало при неговиот прв убедлив настап. Подоцна во животот, во своите помлади години, станал проблематичен и често запаѓал во неволја.[18][19] ШколувањеВо 1968 година, Ден-Луис родителите сметале дека однесувањето му е непримерно и го испратиле во интернат во едно училиште во Кент.[20] Во училиштето тој ги открил неговите три најзначајните интереси: работата со дрво, глумата и риболовот. Неговиот презир кон училиштето се зголемил, и по две години, тој бил префрлен во друго училиште, во Хемпшир[20]. Неговото филмско деби било на 14-годишна возраст во филмот Крвава недела каде се појавил во мала споредна улога. За ова искуство рекол дека е "рај", бидејќи му платиле £2 за да крши скапи автомобили паркирани надвор од неговата локална црква. Неколку недели во 1972 година, тој и родителите живееле во Лемонс, северен Лондон дом на Кингсли Амис и Елизабет Џејн Хауард. Сесил Деј-Луис имал рак и Хауард го поканила семејството на одмор.[21] Сесил умрел таму во мај истата година. Во 1975 година, непослушноста на Деј-Луис му го намалила изборот во кариерата. Прво глумел на сцената на Националниот младински театар во Лондон, а потоа го примиле во театарската школа Бристол Олд Вик каде учел три години заедно со Миранда Ричардсон. Тука играл заедно со Пит Постлвајт, со кого подоцна ќе глуми заедно во филмот Во име на Отецот.[22] Кариера![]() Во 1980-титеВо текот на раните 1980-ти, Деј-Луис работел во театар и на телевизија, вклучително Мраз во мај (каде играл импотентен човек-дете) и Колку милји до Вавилон? (како офицер во Првата светска војна растргнат помеѓу верноста кон Велика Британија и Ирска) за Би-Би-Си. Единаесет години по неговото филмско деби, Деј-Луис ја продолжил филмската кариера со мал настап во Ганди (1982) како Колин, јужноафрикански уличен насилник кој расистички го малтретира главниот лик. Кон крајот на 1982 година имал голем театарски пробив со преземањето на главната улога во Друга Земја. Следната година, имал споредна улога во Баунти, по што се приклучи на трупата Ројал Шекспир, играјќи го Ромео во Ромео и Јулија и Флут во Сонот на летната вечер. ![]() Во 1985 година, за првпат бил забележан од критиката во глумењето геј во филмот My Beautiful Laundrette, со сет во Лондон од 1980-тите за време на периодот кога Маргарет Тачер била премиер. Филмот бил позитивно прифатен од критиката.[24] Деј-Луис понатаму добил признание и за Соба со поглед (1985).[25] Во 1987 година, ја добил главната улога во филмот на Филип Хофман, адаптација на романот на Милан Кундера Неподнослива леснотија на постоењето, каде игра чешки хирург чиј хиперактивен сексуален живот излегува од контрола па тој емоционално се врзува со жена. Во тек на осумте месеци тој научил чешки и првпат почнал да одбива да излезе од улогата во текот на целото снимање на филмот. Во овој период, Деј-Луис и други млади британски глумци на тоа време како Гери Олдман, Колин Фирт, Тим Рот, и Брус Пејн, биле нарекувани "Британски пакет глумци".[26] Деј-Луис најмногу ја истакнал личната верзија на методичната глума во 1989 година со улогата на Кристи Браун во Мојата лева нога, на Џим Шеридан со која освоил бројни награди, вклучувајќи и Оскар за најдобра машка улога и BAFTA наградата за најдобар глумец. Браун, писател и сликар, е роден со церебрална парализа и можел да ја движи само левата нога. Деј-Луис се подготвувал за улогата често посетувајќи ја клиниката во Даблин, каде се спријателил со неколку луѓе со пречки во развојот, од кои некои не можеле ни да зборуваат.[27] За време на снимањето, одбивал да излезе од улогата. Играјќи сериозно парализиран лик на екранот, надвор од снимањето требале да го возат во инвалидска количка. Од членовите на екипата исто така, се барало да го хранат со лажичка. Деј-Луис се вратил на сцената во 1989 година за да работи со Ричард Ејр, во Хамлет во Кралскиот национален театар во Лондон, но паднал на сцената, кога духот на таткото на Хамлет се појавил пред него. Почнал неконтролирано да липа и одбил да се врати на сцената, па друг глумец ја довршил претставата место него.[28] Иако инцидентот бил официјално припишан на исцрпеност, Деј-Луис подоцна тврдел дека го видел духот на својот татко. Оттогаш повеќе никогаш не се појавил на сцена. Медиумите тоа го припишале и на неговата одлука да се пресели од Англија во Ирска во средината на 1990-тите со цел да го поврати чувство на приватност откако се зголемила неговата слава[29]. 1990-титеВо 1992 година, три години по добивањето на Оскарот излегол филмот, Последниот Мохиканец. Деј-Луис за истражувањето за овој филм напорно тренирал и научил да живее во шумата, со кампување, лов и риболов. Тој заради филмот научил и како се прават кануа.[30] Носел долга пушка во секое време во текот на снимањето за да остане во ликот и научил како се дере кожа на животни.[31] Повторно работел со Џим Шеридан во филмот Во името на Отецот, во кој го играл Гери Конлон, еден од Четворицата Гилфорд кои биле грешно осудени за бомбашките напади на ИРА. Тој ослабел 14 кила, зборувал на северно-ирски акцент на снимањето и надвор од снимањето распоред, и доста време поминувал во затворска ќелија. Тој, исто така, инсистирал членовите на екипата да му фрлаат ладна вода и вербално да го напаѓаат. Со филмот ја добил втората номинација за Оскар, третата BAFTA номинација, и втората номинација за Златен глобус. Деј-Луис се вратил во 1993 година, во улогата на Њуленд Арчер во филм на Мартин Скорсезе, адаптација на романот Доба на Невиност на Едит Вартон. За да се подготви за филмот, со сет во Америка од 1870, тој два месеца низ Њујорк шетал облечен во аристократска облека со цилиндар, бастун и наметка.[32] Во 1996 година, Деј-Луис глумел во Crucible, филмска верзија на претставата на Артур Милер. За време на снимањето се сретнал со неговата идна сопруга, Ребека Милер, ќерката на авторот.[33] Потоа работел со Џим Шеридан во Боксер како поранешен боксер и ИРА член неодамна ослободен од затвор. Неговата подготовка се состоела во тренинг со поранешниот боксерски светски шампион Бери МекГиган и посета на професионални бокс мечеви.[34][35] После Боксер, Деј-Луис се повлекол од глумата и тукуречи се пензионирал враќајќи се на неговото поранешно хоби, работа со дрво. Тој се преселил во Фиренца, Италија, каде што се заинтересирал за правење чевли за да почне да го учи занаетот со Стефано Бернер. Во тоа време никој точно не знаел ниту каде е ниту што прави.[36] 2000-тите![]() По петгодишно отсуство од глумата, Деј-Луис се вратил за да глуми во Бандите на Њујорк (2002) на Скорсезе. Во неговата улога на лошиот водач на банда Вилијам „Бил Касапот“ Катинг, тој играл заедно со Леонардо Ди Каприо, кој игра млад штитеник на Бил. Деј-Луис го почнал неговиот самодисциплиниран метод на учење за улогата и изнајмил касап од јужен Лондон да го подучува како се сече месо. Изнајмил и циркузант да го научи како се фрлаат ножевиy. Додека се снимало не излегол од улогата и зборувал постојано на њујоршки акцент.[37] За изведбата во Бандите на Њујорк ја добил третата номинација за Оскар и ја освоил втората BAFTA награда за најдобра главна машка улога. После Бандите на Њујорк, жената на Деј-Луис, режисерката Ребека Милер му понудила главна улога во нејзиниот филм Баладата за Џек и Роуз, во кој играл маж на умирање полн со каење за сопствениот живот. Во текot на снимањето средил да живее одвоено од жена му за да ја постигне потребната "изолација" и да се фокусира на реалноста на неговиот лик Филмот добил мешани критики.[38] Во 2007, Деј-Луис глумел во адаптацијата на романот на Аптон Синклер со наслов Ќе има крв.[39] Добил Оскар за најдобра машка улога, BAFTA награда за најдобра главна машка улога. Златен глобус за најдобар глумец. Една од бројните награди посветил на Хит Леџер, кажувајќи дека бил инспириран од изведбата на Леџер во филмот Броукбек маунтен.[40] Со освојувањето на Оскарот им се придружил на Марлон Брандо и Џек Николсон како победници за најдобра машка улога со освоени 2 оскара. Во 2009, Деј-Луис глумел во филмот Девет на Роб Маршал во улога на филмски режисер Гвидо Контини. Бил номиниран за Златен глобус за најдобра машка улога во мјузикл или комедија. 2010![]() Деј-Луис го глумел Абрахам Линколн во истоимениот филм на Стивен Спилберг (2012).[41] Заснован на книгата Тим на соперници: Политичката генијалност на Абрахам Линколн, филмот почнал да се снима во Ричмонд, Вирџинија во октомври 2011. Деј-Луис цела година се подготвувал за улогата.[42] Прочитал над 100 книги за Линколн и работел заедно со уметникот за шминка за да постигне физичка сличност со Линколн. Филмот добил одлични критики и во голем дел благодарение на изведбата на Деј-Луис. Филмот постигнал комерцијален успех заработувајќи над $275 милиони ширум светот.[43] Во ноември 2012, Деј-Луис добил BAFTA за филмско остварување.[44] На 70-тото издание Златен глобус на 14 јануари 2013, Деј-Луис го освоил неговиот втор Златен глобус за најдобра машка улога а на 66-тото издание на Британската филмска академија на 10 февруари ја освоил четвртата БАФТА награда за главна машка улога. На 85-тото издание на Оскар, Деј-Луис освојувајќи го Оскар за улогата на Линколн станал првиот глумец кој освоил три оскари за најдобра главна машка улога.[45] Веднаш потоа Деј-Луис најавил дека ќе направи пауза повлекувајќи се на својата фарма цели пет години, пред повторно да сними уште еден филм.[46] Неговата прва улога после пет години е во филмот Phantom Thread, со сет во Лондон, во модната индустрија во 1950-тите, во режија на Пол Томас Андерсон.[47] Филмот почнал да се снима во јануари 2017, за да биде објавен на крајот на 2017. На 20 јуни 2017, портпаролот на Деј-Луис најавил дека глумецот се повлекува од глумата.[48] Приватен живот![]() Деј-Луис ретко дискутира за приватниот живот. Чувајќи си ја приватноста, својот живот го опишал "долгогодишно учење во бекство". Имал врска со француската глумица Изабела Аџани која траела шест години[49]. Нивниот син Габриел Кејн Деј-Луис се родил во 1995 во Њујорк, неколку месеци по завршување на врската. Во 1996 заради еден филмски проект ја посетил куќата на Aртур Милер каде се запознал со ќерката на писателот Ребека Милер. Тие се венчале подоцна во текот на годината. Имаат два сина, и живеат на релација Њујорк-Ирска. Деј-Луис добил ирско државјанство во 1993 и со тоа има двојно британско и ирско државјанство.[50][51][52] Тој тврдел:
Даниел Деј-Луис навива за лондонскиот клуб Милвол.[54] На 15 јули 2010, станал почесен доктор по книжевност на Универзитетот во Бристол, делумно дека билученик во Бристол Олд Вик за време на младоста.[55] Во октомври 2012, на Универзитетот во Оксфорд ги подарил документите кои припаѓале на татко му, поетот Сесил Деј-Луис, разни пишувања, недовршени поеми и допишувања со познати личности како В.Х.Оден, Роберт Грејвс, и Филип Ларкин.[56] Во ноември 2014, добил витешка титула од Принцот Вилијам, тогашниот Војвода од Кембриџ во Бакингемската палата.[57] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia