Даница Ручигај
Даница Ручигај (Скопје, 5 мај 1934 - Скопје, 26 јули 1963) — македонска поетеса.[1] ЖивотописДаница Ручигај е родена во 1934 година во Скопје. Учела класична гимназија, каде што ги изучувала старогрчкиот и латинскиот јазик. Извесно време поминала во Грција. По завршувањето на средното образование, студира на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирала југословенска книжевност, со што трајно и професионално се врзала за поезијата и за книжевноста. Својот краток работен век го поминала во Министерството за култура на СР Македонија. Своите први песни ги објавува во 1955 година во познатите литературни списанија „Современост” и „Разгледи”, а нешто подоцна се појавува и во периодиката од другите јазични подрачја на некогашна Југославија, афирмирајќи ја преку нив младата македонска поезија.[2] Таа е авторка на две стихозбирки. Дебитирала со исповедната љубовна лирика „Сребрени, ноќни игри“ во 1960 и “Заробеници на ветерот“ во 1963 година. Со втората стихозбирка таа е претходничка на мотивскиот и јазичен нонконформизам на една цела плејада македонски поетеси[3]. Загинува трагично во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година. Од 2005 година во нејзина чест се доделува наградата „Даница Ручигај“ за најдобра дебитантска поетска книга[4]. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia