Номинациите за дваесет и три категории биле објавени на 8 февруари 2022 година од глумците Трејси Елис Рос и Лесли Џордан.[5]Моќта на кучето заработил номинации во дванаесет категории, а веднаш зад него се нашол Дина, кој заработил номинации во десет категории. Дина бил најуспешен филм со победа во шест категории, зад него, Кода: Дете на глуви родители победил во три категории, вклучително и во категоријата најдобар филм.
Детали за церемонијата
Поради континуираното влијание на пандемијата од КОВИД-19 на кинематографијата, изменетите критериуми за учество од деведесет и третото доделување на наградите Оскар (како што се вклучувањето на филмови издадени директно на дигитални платформи и обезбедувањето флексибилност за филмови кои биле прикажани во градови покрај Лос Анџелес) останаа на сила. Бидејќи деведесет и третото доделување на наградите Оскар вклучило филмови кои биле издадени до февруари 2021 година, единствено филмови издадени во периодот помеѓу 1 март и 31 декември 2021 година имале право да се натпреваруваат на деведесет и четвртото доделување на наградите Оскар.[6][7]
Гласањето за номинациите било завршено на 1 февруари 2022 година. Номинациите биле објавени на 8 февруари 2022 година од глумците Трејси Елис Рос и Лесли Џордан.[5] Церемонијата е планирана да се одржи на 27 март 2022 година во театарот Долби. Било објавено дека датумот е одбран со цел да се избегне судир со Зимските олимписки игри 2022 одржани во Пекинг (кои траеле во периодот 4–20 февруари 2022 година) и Суперболот (кој бил одржан на 13 февруари 2022 година).[6][7] Дополнително, поради влијанието на пандемијата од КОВИД-19 на шеесет и четвртото доделување на Наградите Греми, за прв пат по 1965 година, доделувањето на Наградите Греми ќе се одржи по доделувањето на Наградите на академијата.
Приказна од западната страна во режија на Стивен Спилберг е втора адаптација на истоимениот бродвејски мјузикл од 1957 година; првата адаптација добила Оскар за најдобар филм во 1962 година. Со номинацијата за најдобар филм, Спилберг станал индивидуалец со најмногу номинации во категоријата, вкупно единаесет. Номинацијата на Спилберг за најдобар режисер го прави него првиот режисер со номинација во таа категорија во шест последователни декади.[13]Пол Тазевел станал првиот афроамериканец костимограф номиниран за Оскар за најдобра костимографија за неговата работа во Приказна од западната страна.[14]Пица со сладунец на Пол Томас Андерсон е првиот целосно продуциран, рекламиран и дистрибуиран филм на Метро-Голдвин-Мајер кој добил номинација за најдобар филм во 33 години, по добитникот на Оскар за најдобар филм од 1988 година, Дождовен човек.[15]
На 24 јуни 2021 година, Академијата ги објавила победниците на дванаесетите Гувернерски награди.[20][21] Следните награди ќе бидат презентирани:[22]
Добитници на почесен Оскар
Самуел Л. Џексон – „Сем Џексон е културна икона чија динамична работа одекнува низ декади, генерации и публики ширум светот“
Елејн Меј – „За смелиот, бескомпромисен пристап на Елејн Меј кон снимањето филмови, како сценарист, режисер и глумец“
Лив Улман – „Храброста и емоционалната транспарентност на Лив Улман и подарија на публиката длабоко влијателни улоги на екранот“
Хуманитарна награда Џин Хершолт
Дени Гловер – „Децениското застапување на Гловер за правда и човекови права ја одразува неговата посветеност да ја препознае нашата заедничка хуманост на и надвор од екранот“