Девчо Ристески
Девчо Ташков Ристески ( 1917 во Иванчишта — 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПотекнувал од селско сиромашно семејство. Уште како млад бил принуден да работи земјоделски работи. Работел извесно време на патот Извор-Јама - Дебар, каде учествувал во штрајкот на патарските работници во 1942 година. Во летото 1943 година стапил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе дејствија низ Кичевско. Во септември 1943 година, со четата на комесарот Мирко Милески, заминал на Буковиќ да ја брани слободната територија, каде бил тешко ранет, но успеал да се извлече. Во зимата 1943 година ги излекувал добиените рани и во 1944 година, тој повторно се приклучил во Првата македонска бригада. Со Бригадата, тој учествувал во борбите за ослободувањето на Македонија и Југославија. Загинал на Сремскиот фронт, во пробојот кај Врпоље во април 1945 година.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia