Дев Пател
Дев Пател (роден на 23 април 1990 г.)[1][2] — англиски глумец. Првата улога во кариерата тој ја добил во британската тинејџерска серија Скинс (2007–2008), иако претходно немал професионално филмско искуство. Неговиот пробив се случил во 2008 година со главната улога на Џамал Малик во филмот Милионер од гетото, за која бил номиниран за наградата која ја доделува здружението на филмски глумци за најдобар глумец во споредна улога и за награда БАФТА за најдобар глумец. Пател глумел во успешната романтична комедија Најдобриот егзотичен Мариголд хотел (2012) и во нејзиното продолжение Вториот најдобар егзотичен Мариголд хотел (2015), во фантазијата Последниот владетел на ветровите (2010) и во научно-фантастичниот филм Чапи (2015). Во 2015 година, Пател го толкувал индискиот математичар Шриниваса Рамануџан во биографскиот филм Човекот кој ја познаваше бесконечноста, а следната година Сару Брирли во драмата Лав (2016). За Лав, тој добил номинации за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобар спореден глумец како и номинации за наградите кои ги доделуваат филмските критичари и здружението на филмски глумци. Кариера2006–2007: Почетоци со СкинсВо 2006 година, Пател ја започнал својата филмска кариера кога учествувал на аудицијата за тинејџерската телевизиска серија Скинс. Мајката на Пател ја видела рекламата за кастингот во весник и го донела на аудицијата иако тој следниот ден имал тест во училиште.[3] По две аудиции, тој ја добил улогата на Анвар Харал, британско-пакистански муслимански тинејџер.[3] Особините на Анвар биле делумно засновани на карактерот на Пател и улогата била напишана специјално за него откако тој ја добил улогата во Скинс.[4] Пател, кој немал претходно филмско искуство, изјавил „на првиот ден од снимањето не знаев што треба да правам.“[3] Првата сезона на серијата била емитувана во јануари 2007 година и серијата добила номинација за најдобра драматична серија на БАФТА телевизиските награди во 2008 година.[5][6] Пател ја повторил својата улога на Анвар во втората сезона на Скинс, која била емитувала во февруари 2008 година. 2008–2010: Пробив со Милионер од гетото![]() Својата прва улога во догометражен филм, Пател ја добил во филмот Милионер од гетото режиран од Дени Бојл. Тој го играл Џамал Малик, момче од Индија, родено и израснато во сиромаштија во Бомбај, Индија.[7] Бојл земал предвид стотици млади глумци за улогата, но сметал дека глумците од Боливуд биле главно "силни, згодни налик на херои", но немале карактер каков што тој барал.[8] Неговата ќерка Кејтлин му ја посочила серијата Скинс.[8][9] По одржани пет аудиции за улогата,[10] Пател ја добил улогата во август 2007 година.[11] Продуцентите на филмот сметале дека првичниот избор за главната улога, Руслан Мумтаз, изгледал премногу добро за улогата.[12] Бојл изјавил, „Сакав момче кое не изгледа како потенцијален херој; Сакав тој тоа да го добие во филмот.“[3] За да се подготви за улогата, Пател патувајќи со Бојл, кој барал локации за снимање, ги набљудувал гетата во Дарави за својата улога. Тој исто така работел во повикувачки центар преку ден и во хотел, каде миел садови.[13][14] По објавувањето на Милионер од гетото кон крајот на 2008 година, Пател добил бројни награди за својата изведба. Тој бил номиниран за наградата најдобар глумец во споредна улога од страна на здружението на филмски глумци, награда која посмртно му била доделена на Хит Леџер за неговата изведба во Темниот витез. На 8 јануари 2009 година, Пател ја добил наградата најдобар млад глумец која ја доделува здружението на филмски критичари.[15] Филмот освоил четири Златни глобуси,[16] од кои еден за најдобар филм во категорија драма, и осум Оскари, од кои еден за најдобар филм.[17] Пател го играл Зуко во Последниот владетел на ветровите, долгометражен филм адаптиран на анимираната серија Аватар: Последниот владетел на ветровите,[18][19][20] кој бил издаден на 1 јули 2010 година и кој добил голем број на негативни критики. И покрај тоа што имал висока заработка, филмот се здобил со критички неуспех и Пател дури бил номиниран за Златна малина за најлош глумец во споредна улога таа година, и покрај тоа што неговата улога била добро прифатена, и според многумина била една од позитивните аспекти на филмот. Во 2012 година Пател глумел во романтичната комедија Најдобриот егзотичен Мариголд хотел, режирана од Џон Маден, заедно со Џуди Денџ, Бил Нај и Меги Смит; филм кој се здобил со позитивни рецензии од критичарите[21] и кој бил финансиски успешен, заработувајќи 136.8 милиони долари во светски рамки.[22] За улогата, тој земал часови за да може да зборува со индиско-англиски акцент, бидејќи неговиот англиски акцент бил премногу силен.[23] 2011–денесОд 2012 до 2014 година, Пател играл споредна улога во серијата Вести која се прикажувала на HBO.[24] Тој исто така глумел заедно со Џејмс Франко и Хедер Грејам во филмот Чери, кој премиерно бил прикажан на Берлинскиот филмски фестивал во 2012 година. Во 2014 година, Пател глумел покрај Роберт Шијан и Зои Кравиц во комичната драма Внатрешен пат, а во 2015 година бил дел од филмот Вториот најдобар егзотичен Мариголд хотел, кој бил продолжение на Најдобриот егзотичен Мариголд хотел. Истата година тој глумел во научно-фантастичниот филм Чапи кој бил режиран од Нил Бламкамп и во биографскиот филм Човекот кој ја познаваше бесконечноста посветен на индискиот математичар Сриниваса Рамануџан, во кој Пател глумел покрај Џереми Ајронс кој го играл професорот Г. Х. Харди. Во 2016 година, Пател го глумел Сару Брирли во биографскиот филм Лав, режиран од Герет Дејвис во кој уште глумеле и Никол Кидман и Руни Мара. Филмот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Торонто и наишол на позитивни пофалби и критики.[25][26][27][28] Филмот е заснован врз основа на романот Долг пат до дома напишан од Брирли.[29] За оваа улога Пател бил номиниран за Оскар за најдобар спореден глумец и добил номинација за наградата БАФТА во категоријата најдобар спореден глумец. Личен животТој бил во врска со Фрида Пинто, колешката од Милионер од гетото од 2009 до крајот на 2014 година.[30] ФилмографијаФилм
Телевизија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia