Милионер од гетото (филм)
Милионер од гетото (англиски: Slumdog Millionaire) е англиски филм од 2008 година, од жанрот драма, во режија на Дени Бојл и Лавлин Тандан. Филмот е адаптација на наградениот роман на индискиот автор и дипломат Викас Суарпур.[1] Дејството на филмот е сместено во Индија и ја раскажува приказната за еден учесник на индиската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“. Откако бил прикажан на различни фестивали, и на филмскиот фестивал во Торонто, филмот „Милионер од гетото“ ја имал својата ограничена премиера во САД на 12 ноември 2008 година, во продукција на Fox Searchlight Pictures и на Warner Bros.[2] Филмот добил значително многу позитивни критики, по што следувала неговата премиера низ цел свет.[3] Филмот бил номиниран и добитник на многу филмски награди, како што се: наградата „Златен глобус“ и наградата на БАФТА, во категоријата најдобар филм, а исто така бил номиниран во десет категории на доделувањето на Оскари во 2009 при што победил во осум од нив. СинопсисВо центарот на приказната е осумнаесетгодишниот Џамал Малик (го игра Дев Пател), сираче од улиците на Мумбај, кој се пријавува на квизот „Кој сака да биде милионер“, со цел да ѝ ја докаже својата љубов на девојката Латика (ја игра Фрида Пинто), при што го остварува најголемиот успех во својот живот. Во мигот кога целата нација го гледа неговиот настап, тој е дојден до прашањето што може да му донесе награда од 20 милиони рупии во индиското издание на квизот „Кој сака да биде милионер“. Но, откако ќе се изгаснат камерите, полицијата го апси и го обвинува дека мамел. Едноставно, никој не верува како може дете од улицата да има толкаво знаење. Решен да докаже дека не е виновен, Џамал ја раскажува својата животна приказна, притоа откривајќи како успеал да одговори на поставените прашања.
Глумечка екипа
Награди и номинации66. издание Златен ГлобусНајдобар драма филм - победник 81. издание ОскарНајдобар филм - победник Наводи
Надворешни врски
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
|
Portal di Ensiklopedia Dunia