Делата на Јоже Плечник во Љубљана
Делата на Јоже Плечник во Љубљана претставуваат пример за урбано решение насочен кон промена на идентитетот на градот по распадот на Австроунгарското Царство, кога од провинциски град се претворил во симболичен главен град на Словенија. Трансформацијата била заснована на архитектонски дијалог со постариот град, служејќи ги потребите на новото модерно општество од 20 век[1]. ЖивотописЈоже Плечник 1943 година Јоже Плечник е роден во 1872 година во Љубљана. Се школувал во Грац, а дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Виена, отсек за архитектура, под водство на Ото Вагнер. По дипломирањето работел кратко во Италија, потоа десет години во Виена во студиото на Вагнер и на крајот како слободен архитект. Помеѓу 1911 и 1921 година Плечник живеел во Прага и помеѓу Првата и Втората светска војна во Љубљана. Љубљана на Плечник е тесно поврзана со неговиот дом во љубљанската населба Трново. Копнената оска од Трново и истоимениот мост, покрај улиците Емонска и Вегова, сè до центарот на градот и Конгресниот центар и паркот Звијезда ја носат идејата на Плечник. Водената оска ја сочинуваат неговите проекти за регулирање на речниот тек на реката Љубљанчица, нејзините притоки Градошчица, бреговите на реките во центарот на градот, Чевљарски мост, познатото Тромостовје и речната брана. Делата на Плечник се наоѓаат по двете линии, копно и вода, и создаваат целина која денес се нарекува Плечникова Љубљана. Се состои од плоштади, паркови, улици, шеталишта, мостови и јавни згради (Национална библиотека, цркви, трговски центри, гробишта). Светско наследствоПред да биде прогласена за светско наследство, Љубљана добила неколку награди:
Во 2021 година, УНЕСКО ја прогласил Плечникова Љубљана за светско наследство. Список на локацииСветското наследство опфаќа седум дела или ансамбли на Плечник:
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia