Демографија на Украина
Украинците сочинуваат 77,8% од вкупно население во Украина. Најбројни национални малцинства се Русите 17,3% по кои следат Русините 0,9%. Важно е да се напомене дека украинската власт не ги признава Русините како посебен народ, туку како украински етнос, а нивниот русински јазик го смета за украински дијалект. Во Хрватска и Војводина, Русините се признати како посебен етнос. Од останатите малцинства најбројни се Романците и Молдавците (0,8%), Белорусите (0,6%) и Бугарите (0,4%). Службен јазик во Украина е украинскиот јазик но од голема важност на економски и културен план е познавањето на рускиот јазик. Украински јазик зборува околу 55% од населението, додека руски јазик 45%. Сè до отцепувањето на Крим од Украина, Кримските Татари сочинувале 0,5% од населението. Тој број е значително намален поради тоа што највеќето од нив живеат на тој полуостров. |
Portal di Ensiklopedia Dunia