Детско одморалиште „Титови пионери“ - Николиќ
Детско одморалиште „Титови пионери“ — детско одморалиште во непосредна близина на селото Николиќ, сместено на северниот брег на Дојранското Езеро, во југоисточниот дел на Македонија.[2] Одморалиштето се наоѓа во многу лоша состојба, целосно напуштено, обраснато со вегетација, а внатрешноста е целосно руинирана.[3] МестоположбаОдморалиштето се наоѓа на северниот брег на Дојранското Езеро, пред самото село Николиќ. АрхитектураГрадбата поседува пет посебни единици кои се симетрично поставени, како и заеднички придружни објекти. Самата градба е од комбинација на изложен (натур) армиран бетон и груба малтерна обработка со нагласен висок кров поставен на метална конструкција.[2] СопственостСпоред последни достапни информации до 2015 година, објектот бил во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, кога имало обид да се продаде заедно со уште пет други вакви одморалишта.[2] Во 2022 година, од Општина Дојран изјавувале дека има голем интерес да се инвестира во ова место.[3] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia