Општина Дојран

За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Општина Дојран
Општина
Знаме на Општина ДојранГрб на Општина Дојран
Карта
ДржаваМакедонија
РегионЈугоисточен
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996
СедиштеСтар Дојран (1913-1915, 1996-до денес)
Нов Дојран (1945-1957)
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникАнго Ангов
Површина
 • Вкупна129,16 км2 (49,87 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.084
 • Густина24/км2 (62/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+034
Регистарски табличкиGE
Мреж. местоdojran.gov.mk

Општина Дојранопштина во југоисточниот дел на Република Македонија. Седиште на општината е селото Стар Дојран.

Географија

Карта на Општина Дојран со селските атари.

Општина Дојран се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на околу 170 км од главниот град Скопје. Планината Беласица се протега на северот на општината.

Фактот дека оваа низина се отвора на југот ја определува неговата средоземна клима која се одликува со топли и суви лета и свежи, влажни зими.

Општина Дојран се наоѓа на тромеѓата помеѓу Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија (денес поделено помеѓу државите Македонија, Бугарија и Грција).

Историја

Историја на административната единица

Општина Дојран за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Дојран, Докџели и Николиќ. Општината била дел од Дојранскиот Срез, Тиквешки Округ.[2]

За време на Кралство Кралството Југославија, Општина Дојран била обновена и била во рамки на Дојранскиот Срез, во Вардарска Бановина. Таа се состоела од населените места: Дојран, Дорломбос, Дурутли, Ѓопчели, Куртамзали, Николиќ, Оргаџанли, Севендекли, Фурка, Црничани, Чаушли и Џумабос.[3][4][5]

Границите на Општина Дојран (во црвено) во периодот 1952-1955 година.

Во 1945 година, административната единица продолжила да постои под називот Месен народен одбор Нов Дојран со седиште во Нов Дојран. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Ѓопчели, Нов Дојран, Стар Дојран, Сретеново и Црничани.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор го добил селото Николиќ на сметка на Месниот народен одбор Николиќ, и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Нов Дојран бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Фурка со селото Фурка, проширен на сметка на соседниот и намален Месен народен одбор Севендекли со селото Чаушли.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Дојран останала територијално иста. Нов Дојран останал да е седиште на општината.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Дојран била проширена на сметка на укинатата Општина Башибос со нејзините села Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли, укинатата Општина Удово со нејзините села Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово, и укинатата Општина Башибос со нејзините села Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Тогаш, општината била префрлена во Титоввелешката Околија.[10] Општината била укината по управната поделба од 1957 година, на сметка на соседната и проширена Општина Богданци.[11]

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Стар Дојран била обновена на сметка на Општина Богданци. Овој пат, седиштето било во Стар Дојран и негови населени места биле Дурутли, Ѓопчели, Куртамзали, Николиќ, Нов Дојран, Органџали, Севендекли, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани, Чаушли и Џумабос.[12] Со старото-ново име Општина Дојран, административната единица немала промени и според поделбата од 2004 година.[13]

Општа историја на територијата на денешната општина

Студиите покажуваат на фактот дека оваа местоположба била населена дури од пред нашата ера. Натписи кои датираат од 5 век п.н.е. го опишуваат животот на просторите на денешната територија на Општина Дојран во предисториско време.

За време на раниот средновековен период од римското владеење, на населеното место Дојран му било дадено името Полин значејќи град (πόλις (полис)) во акузативен облик, а словенизираното име еволуирало во Полјанин. Во 1371 година, Османлиите дошле во градот Полјанин, преку езерото кое било замрзнато и завеано со снег и големиот османлиски војсководец Евренос Бег во чест на тоа дека поминал врз замрзнатото езеро без да загуби ниту еден аскер (војник) прави голема гозба и ги најадува („дојурмак“, „дојуран“) сите жители кои живееле во тоа време покрај езерото и така настанува името на градот Дојуран (Дојран; сегашен Стар Дојран). Во XIX век, Дојран станал град сместен на падина од која е гледано езерото, мали дуќани, меани, анови, ибарски колиби, дрварски работилници и др. Во Првата светска војна Дојран бил значајна стратегиска точка каде војувале бугарските и германските војници против британските и француските сили, каде има уште остатоци по кала тепе и околината. Населението било приморано повторно да се сели по бомбардирањето.

Стопанство

Население

Според пописот од 1931 година, Општина Дојран имала 4,432 жители, од кои 2,276 биле мажи, а 2,156 биле жени. Општината се состоела од 842 куќи и 869 домаќинства.[14]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Нов Дојран имал 2,043 жители, односно вкупното население на Ѓопчели, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран и Црничани.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[15]

Народност Вкупно
Македонци 1,384
Албанци 3
Турци 186
Срби 149
Хрвати 17
Црногорци 4
Словенци 1
Руси 23
Останати и непознато 276

Според пописот од 1953 година, Општина Дојран имала 2,608 жители, односно вкупното население на Ѓопчели, Николиќ, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[16][17]

Народност Вкупно
Македонци 2,030
Турци 364
Роми 5
Срби 161
Хрвати 23
Црногорци 7
Словенци 1
Останати Словени 17
Демографска карта на Општина Дојран со селските атари, според пописот од 2002 година.

Според пописот од 2002 година, Општина Стар Дојран имала 3,426 жители, односно вкупното население на Дурутли, Ѓопчели, Куртамзали, Николиќ, Нов Дојран, Органџали, Севендекли, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани, Чаушли и Џумабос. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 1,021 домажинства и 2,126 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[18]

Народност Вкупно
Македонци 2,641
(1,311 мажи, 1,330 жени)
Албанци 17
(11 мажи, 6 жени)
Турци 402
(215 мажи, 187 жени)
Роми 59
(34 мажи, 25 жени)
Власи 3
(2 мажи, 1 жена)
Срби 277
(143 мажи, 134 жени)
Бошњаци 2
(2 жени)
Останати 25
(12 мажи, 13 жени)


Вероисповед Вкупно
православни 2.916
муслимани 483
католици 6
протестанти 2
останати 19
Јазик Вкупно
македонски 2.771
албански 16
турски 399
ромски 54
влашки 2
српски 159
бошњачки 2
останати 23

Според пописот од 2021 година, Општина Дојран имала 3,084 жители, односно вкупното население на Дурутли, Ѓопчели, Куртамзали, Николиќ, Нов Дојран, Органџали, Севендекли, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани, Чаушли и Џумабос. Општината имала 1,569 мажи и 1,515 жени кои живееле во 1,066 домаќинства и 3,147 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:[19]

Народност Вкупно
Македонци 2,528
(1,264 мажи, 1,264 жени)
Албанци 15
(9 мажи, 6 жени)
Турци 211
(120 мажи, 91 жена)
Роми 30
(16 мажи, 14 жени)
Власи 3
(3 мажи)
Срби 152
(86 мажи, 66 жени)
Бошњаци 1
(1 жена)
Други неспомнати 24
(17 мажи, 7 жени)
Лица кои податоците
се превземени од
административни извори
120
(56 мажи, 64 жени)
Населени места по население (2021)
Вкупно Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Други Лица за кои податоците се преземени од административни извори
Општина Дојран 3.084 2.528 15 211 30 3 152 1 24 120
Дурутли 4 - - 1 - - - - - 3
Ѓопчели 116 - 1 104 - - - 1 - 10
Куртамзали 42 - - 32 - - - - - 10
Николиќ 520 498 - - - - 11 - - 11
Нов Дојран 997 935 - 10 - - 10 - 3 39
Органџали - - - - - - - - - -
Севендекли - - - - - - - - - -
Сретеново 344 246 10 8 19 - 43 - 13 5
Стар Дојран 413 288 4 56 11 3 18 - 3 30
Фурка 459 445 - - - - 1 - 3 10
Црничани 189 116 - - - - 69 - 2 2
Чаушли - - - - - - - - - -
Џумабос - - - - - - - - - -

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на Општина Дојран е Анго Ангов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[20] Советот на општина Дојран е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 5 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места

Културни и природни знаменитости

10 м длабокото езеро се наоѓа на 148 м надморска висина и е најмалото природно езеро во Република Македонија покривајќи површина од 42,7 км2. Дојранското Езеро настанало во неогенот и е од тектонско-вулканско потекло. Безрбетници, ’рбетници, 12 вида на ендемска фауна, 15 типови на риба и неколку видови на птици го населуваат ова езеро. Тоа е познато по посебниот начин на риболов со помош на птиците кои ги бркаат рибите во јата директно во рибарските мрежи.

Во последната декада на 20-от век, Дојранско се соочило со еколошка криза и изгледало навидум беспомошно. Дошло на многу низок водостој на помалку од 50% од вообичаениот, ендемските видови почнале да изумираат, се случиле мутации на дел од флората, дошло до работ на изумирање на поголем број на видови на риби, климата се сменила, но сепак со проект финансиран од Владата на Република Македонија, Дојранското Езеро било спасено од целосно уништување и неговиот водостој почна да се нормализира.

Денес проектот сѐ уште функционира и водостојот е речиси на истото ниво како и пред катастрофата, но сепак дел од флората никогаш нема да се врати. Напорот кој е вложен во овој бисер на природата сепак се исплати. Имено, голем број од младите луѓе кои својата перспектива ја бараа во некој од поголемите градови од републиката, сѐ почесто се одлучуваат да останат во ова гратче и да придонесат во доизградбата на неговата инфраструктура за хотелски и приватни сместувања. Поголем број од пропаднатите државни хотели веќе се успешно приватизирани и работат под полна пареа за да завршат со изградба до следната летна сезона. Државното претпријатие за стопански риболов на Дојранското Езеро, исто така е успешно приватизирано и сега засега работи успешно. Ноќниот живот во Дојран секоја година е сѐ подобар и подобар. Дојран станува вистинско одредиште за деновите како Илинден, 1-ви и 2 мај, Божиќ и слични државни празници. Летниот одмор во Дојран може да ви овозможи и пријатни одморни денови и врвулици по градскиот пазар. Можеби токму Дојран е местото кое ќе заврши како една среќна приказна за еден град.

borders/Dojran 1.jpg [1]

Редовни настани

Еден од позначајните настани во Дојран се т.н. Дојрански ракувања, кои се одржуваат секое лето во почетокот на месецот август во времетраење од неколку дена. Настанот е организиран од локалната самоуправа и на него настапуваат ансамбли од повеќе држави (играорци, драмски театри и сл.)

Личности

Култура и спорт

ФК Дојранско Езеро (Нов Дојран). Клубот има настапувано и во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига). Македонскиот репрезентативец Горан Мазнов ја има почнато својата кариера во ФК Дојранско Езеро.

Иселеништво

Партнерски градови

Наводи

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 147. Посетено на 27 јуни 2025.
  3. Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 101, 122, 135, 146, 148, 150, 154, 253, 313, 412. Занемарен непознатиот параметар |subscription= (help)
  4. Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. VI, 206, 239, 255, 257, 372, 469, 489, 624, 717, 739, 744, 754.
  5. Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 323 (481), 360 (518), 388 (546).
  6. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 149, 161. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 27 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 24. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 27 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 196. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 27 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  9. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 98. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 27 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  10. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 238. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 27 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  11. „Указ за прогласување на Законот за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Народна Република Македонија. 13 јули 1957. стр. 329. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 27 јуни 2025.
  12. „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 14 септември 1996. стр. 2760. Архивирано (PDF) од изворникот 3 ноември 2022. Посетено на 27 јуни 2025.
  13. „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 4. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 27 јуни 2025.
  14. „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 98. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 15 јули 2024.
  15. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 27 јуни 2025.
  16. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 63. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 27 јуни 2025.
  17. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 27 јуни 2025.
  18. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 година (Книга 10)“ (PDF). Државен завод за статистика. стр. 55, 176-177, 313-314, 450-451. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 март 2012. Посетено на 27 јуни 2025.
  19. „Соопштение - Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 - прв сет на податоци“ (PDF). Државен завод за статистика. 30 март 2022. стр. 3, 14. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 март 2022. Посетено на 27 јуни 2025.
  20. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
  21. „U petak bratimljenje sa makedonskom opštinom Dojran“. Opština Višegrad. Посетено на 2022-03-28.
  22. blportal (2022-03-26). „Potpisan Sporazum o bratimljenju Višegrada i Dojrana“. BL Portal (босански). Посетено на 2022-03-28.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya