Деца-бегалци![]() Деца-бегалци (грчки: παιδομαζώματος) — поим со кој во Македонија, се нарекуваат од 28 000 до 32 000 деца на возраст помеѓу 2 и 14 години, кои на двапати во март и мај 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција организирано се евакуирани од Демократската армија на Грција (ДАГ) вон границите на Грција.[1][2] Со спогодбата помеѓу Привремената демократска влада на Грција и источноевропските земји (март–април 1948) биле евакуирани над 30.000 македонски деца, од кои во Југославија 11.000, Романија 5.000, Чехословачка 3.000, Полска 2.500, Унгарија 2.800, Бугарија 2.500 и во Источна Германија 1.120 деца. Во тие земји, за потребите на 10.000 македонски деца биле отворени македонски училишта (со учебниции литература) и добивале пошироки знаења за македонската историја. Биле издавани и весници на македонски јазик. На костурски и лерински дијалект со кирилска азбука биле објавувани книги и романи. Како возрасни и образовани, поголемиот дел од нив се вратиле во СРМ. Со евакуација на децата КПГ сакала да создаде, да обезбеди и да воспита кадар за пролетерска револуција во Грција.[3][4] Во Македонија, каде децата-бегалци се најмногубројни, функционира Здружение на децата-бегалци, која досега организирала четири Светски средби на децата бегалци — во 1988 и 1998 во Скопје, во 2003 година во Лерин и од 18 до 21 јули 2008 година повторно во Скопје. Во јули 2018 година треба да се одржи петтата средба. Познати деца-бегалциПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia