Деца и цвеќиња и ѕвезди„Деца и цвеќиња и ѕвезди“ — збирка поезија за деца на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски, објавена во 1981 година. СодржинаЗбирката содржи 38 песни распоредени во четири циклуси:[1]
Опис на книгатаКнигата е објавена како издание на „Нов свет“ од Скопје, во 1981 година, а била испечатена во печатницата „Нова Македонија“ во 4 000 примероци. Таа има 48 страници, а покрај песните, ги содржи и следниве цртежи, кои се дело на авторот: „Пеперуга“ (1981), „Дрво“ (1980), „Цветови“ (1980), „Куче“ (1978), „Риба“ (1980) и „Змеови“ (1980). Инаку, поголемиот дел од песните претходно биле објавени во весникот „Нова Македонија“. На задната корица, авторот објаснува дека книгата е наменета за децата од пубертетската возраст и за нивните воспитувачи. Притоа, тој ја примеува сугестивната метода која на децата треба да им влее љубов кон разните занимања и кон работните навики со цел децата да ги остварат своите желби.[2] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia