Дејвид Греј (музичар)
Дејвид Питер Греј (англ. David Peter Gray; роден на 13 јуни 1968) [2] ― британски пејач и текстописец. Роден бил на 13 јуни 1968 година во Сејл, до деветтата година живеел во Алтринчам во Чешир, а потоа со семејството се преселил во Велс.[3][4] Студирал на Уметничкото училиште во Ливерпул.[5] Првиот студиски албум го издал во 1993 година. Стекнал светска слава по објавувањето на неговиот четврти студиски албум, White Ladder (1998 и реиздаден во 2000 година), а особено со хит-синглот „Babylon“.[6][7][8] White Ladder бил прв од трите албуми од Греј кои се искачиле на врвот на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство, каде што станал петти најпродаван албум во 2000-тите.[9] Во 2019 година, бил рангиран како десетти најпродаван албум во Обединетото Кралство во 21 век.[10] Дејвид Греј четирипати бил номиниран за Британски музички награди, вклучувајќи и две номинации за најдобар британски пејач. Дискографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia