Диего Фалчинели
Диего Фалчинели (роден на 26 јуни 1991 во Маршано) — италијански фудбалер, напаѓач на Црвена Ѕвезда, на заем од Болоња. Клупска кариераПочетоциРоден во Маршано во Провинцијата Перуџа, Фалчинели ја започнал својата кариера во малиот клуб Понтевекио со седиште во Понте Сан Џовани (фрекција на градот Перуџа). Тој бил позајмен на Интер во јуни 2007 година,[2] каде играл и го освоил Алиеви првенството со екипата под 17 години. По завршувањето на сезоната со младинскиот тим на Интер се вратил во Понтевекио каде дебитирал за првиот тим во Серија Д. Сасуоло и разни заемиНа 2 јули 2009 година, клубот од Серија Б Сасуоло го купува Фалчинели да игра за нивниот Примавера тим. Тој, исто така, го добил и дресот со број 26. во првиот тим. Тој веќе во првата сезона го направил своето деби за првиот тим на Сасуоло, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Џанлујџи Бјанко во 82-рата минута во ремито 2-2 против Анкона на 28 ноември 2009 година; во истиот натпревар тој му асистирал на Алесандро Носели за изедначувачкиот погодок само минута подоцна откако влегол во игра.[3] Тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим таа сезона, по што за Фалчинели следеле неколку позајмици во други клубови со цел да добие повеќе простор за игра и да стекне искуство. Откако бил позајмен на Фолињо, Јуве Стабија и две сезони едноподруго на Виртус Ланчано, во летото 2014 Фалчинели бил одново позајмен, овојпат враќајќи се дома во својата родна Перуџа да му помогне на истоимениот клуб, кој непосредно пред тоа изборил промоција во Серија Б.[4] Своето деби за Перуџа го направил на 17 август во Купот на Италија против ФералпиСало, и во тој натпревар го постигнал првиот гол за клубот; на 29-ти истиот месец, го постигнал првиот гол во првенството, во победата на домашен терен со 2-1 над Болоња.[5] Ова била најдобрата сезона во кариерата на Фалчинели дотогаш, постигнувајќи 14 првенствени гола и помагајќи му на клубот од неговиот роден град да стигне до плејофите за промоција во Серија А,[6] каде биле поразени од Пескара во преелиминарната рунда. Одличната сезона во Умбрија, на Фалчинели му овозможила враќање на трајна основа во Сасуоло и можност за првпат во кариерата да заигра во Серија А. Својот прв настап за Сасуоло по пауза од речиси 4 години, го имал на 15 август 2015 година, во натпреварот против Модена во Купот на Италија во кој нероверде победиле со 2-0, а Фалчинели во 54-тата минута го постигнал својот прв гол во дресот на Сасуоло во кариерата.[7] На 23-ти истиот месец, тој го направил своето деби во Серија А, во победата со 2-1 над Наполи во првото коло од првенството, притоа асистирајќи му на Никола Сансоне за победничкиот гол на нероверде.[8] На 6 јануари 2016 година, дошол неговиот прв погодок во највисокото ниво на италијанскиот фудбал, постигнувајќи го израмнувачкиот гол за Сасуоло на петтнаесеттина минути пред крајот во ремито 2-2 на домашен терен против Фрозиноне.[9] Во 23 настапи и 2 постигнати гола придонел за освојувањето на историското шесто место во лигата на Сасуоло, најдобриот финиш на една сезона на неровердите во Серија А, што исто така им донело историски пласман во Лига Европа за следната сезона. Сезоната 2016-2017 повторно ја започнал во дресот на Сасуоло, и го направил своето деби за сезоната а воедно и дебито во европските натпреварувања на 28 јули, појавувајќи се во игра како замена на местото на Грегуар Дефрел во 81-вата минута од натпреварот во третото квалификациско коло за Лигата на Европа на гости кај швајцарскиот Луцерн што завршил 1-1.[10] На 31 август 2016 година, заедно со соиграчот Марчело Трота, биле позајмени на неодамна новопромовираниот член на Серија А Кротоне.[11] Своето деби за клубот од Калабрија го направил на 12 септември играјќи го целиот натпревар во поразот од Емполи на гости со 2-1. Својот прв погодок во дресот на Кротоне го постигнал во на 16 октомври против неговиот матичен клуб Сасуоло, во поразот со 2-1.[12] По завршувањето на сезоната со Кротоне тој се вратил назад во Сасуоло, каде играл во првата половина од сезоната 2017-2018, постигнувајќи 2 гола на 19 настапи. На 31 јануари 2018 година, како дел од трансферот на Кума Бабакар во Сасуоло бил позајмен на Фјорентина со право на откуп на крајот на сезоната.[13] Болоња и заемите кај Перуџа и Црвена ЅвездаНа 4 јули 2018, Фалчинели потпишал четиригодишен договор со Болоња.[14][15] Ниту ова искуство не се покажало како среќно за него бидејќи во најголемиот дел од сезоната тој бил во втор план кај тренерот Филипо Инѕаги, а потоа играл и уште поретко по тренерската промена и доаѓањето на Синиша Михајловиќ. Својот единствен гол за Емилијанците го постигнал на 4 декември 2018 година, во четвртото коло од Купот на Италија, против неговиот поранешен клуб Кротоне (3-0).[16] Откако завршил на маргините во Болоња, пред почетокот на сезоната 2019-2020, тој со вратил на заем во Перуџа во Серија Б, враќајќи се за првпат во втората италијанска лига по пет години.[17][18] Овој пат тој не успеал да ги повтори својте перформанси од претходното искуство во Умбрија, постигнувајќи само 3 гола во првенството што завршува за црвено-белите со испаѓање по поразот во плеј-аутот. По испаѓањето на Перуџа, Фалчинели се вратил во Болоња накратко, за на 11 септември 2020 година да замине на нова позајмица во српскиот клуб, Црвена Ѕвезда.[19] Статистика на кариератаСтатистиката е ажурирана на 4 ноември 2016.
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia