ФК Кротоне
ФК Кротоне е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Кротоне, Калабрија. Во моментов се натпреварува во најсилната лига по ранг во Италија, Серија А. Клубот е основан во 1910 година, под името Социета Спортива Кротоне. Инаку, моменталната сезоната 2016-2017 е прва историска за Кротоне во Серија А. Претходно клубот се натпреварувал во Серија Б 12 сезони, како и во пониските лиги во Италија во кои ги има поминато највеќето години од своето постоење. Боите на клубот се темносина и црвена. Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида. СтадионСвојте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида, именуван по истоимениот фудбалер на Кротоне кој починал прерано за време на едно гостување на клубот.[1] Овој фудбалски стадион е дом на клубот од неговата инаугурација во 1946 година и моментално е со капацитет од 16,640 седечки места.[2] Досега стадионот двапати бил реновиран првпат во 2000 година, а потоа и во 2016 година непосредно по промоцијата на клубот во Серија А. ИграчиМоментален составСезона 2016-2017
РекордериСтатистиката е ажурирана на 29 ноември 2016
Македонски фудбалери
Стефан Ристовски исто така е првиот фудбалер кој заиграл за некоја сениорска репрезентација како играч на Кротоне, кога на 10 август 2011 тој го направил своето деби за македонската репрезентација во пријателскиот натпревар против Азербејџан. Познати тренери
СоперништваНајголеми соперници Најголеми соперништва фудбалерите и навивачите на Кротоне имаат со калабриските екипи Катанѕаро[4][5], Реџина[4][5] и Вигор Ламеција.[4][5] СтатистикаУчество во првенства
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia