Диме Толовски
Диме Толовски (Кавадарци, 17 декември 1925 – Москва, 8 февруари 1992) – дипломиран градежен инженер, лексикограф, преведувач и новинар-радиоспикер.[1] ЖивотописТоловски е роден во Кавадарци на 17 декември 1925 година. Како гимназијалец, од 1942 година се вклучува во Народноослободителното движење, првин како илегален активист, а потоа во состав на 41. дивизија на НОВМ. По ослободувањето, од 1944 до 1946 година, предавал математика и физика во гимназијата во Кавадарци и учествувал во општествено-политичките организации во градот. На предлог на владата на ФНРЈ, во 1946 година бил испратен на студии во СССР. Дипломирал и ги завршил постдипломските студии по градежништво, но по Резолуцијата на Информбирото во 1948 година, останал во Москва и се определил за водител на дневната емисија на македонски јазик на Радио Москва. Преведувал поезија и проза од македонски јазик на руски и обратно, а со помош на рускиот филолог Владислав Илич-Свитич, го составил првиот Македонско-руски речник (30.000 зборови со кратка граматика) под редакција на Н.И. Толстој. Починал во Москва, а посмртните останки, по негово завештание, биле погребани во неговиот роден град на 2 октомври 1993 година.[1] Библиографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia