Диме Туриманџовски

Диме Туриманџоски – Горски (Кавадарци, 1913Кралево, Србија, 11 октомври 1945) – македонски партизан, учесник во НОБ, воен раководител.

Член е на КПЈ од 1941 година. Од 1943 година е борец на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“, потоа е командант на баталјонот „Страшо Пинџур“, а по формирањето на Втората македонска бригада нејзин командант. Во 1944 година станал член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и работел на теренот на Скопска Црна Гора. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал во авионска несреќа кај Кралево, Србија.[1]

Наводи

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том 2, стр. 1518-1519.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya