Димитар Бербероски

Димитар Бербероски
Роден 23 јуни 1921
Крушево, Кралство СХС
Починал 18 јануари 1944(1944-01-18) (возр. 22)
Тушин, Грчка Држава
Мајка Захарија Бербероска
БратАндон Бербероски

Димитар Бербероски (псевдоним: Таќа, Ефтим, Бербер-Климе)[1] — (23 јуни 1921 во Крушево18 јануари 1944 во Тушин, Мегленско). Македонски партизан, учесник во НОВ.[2]

Учесник во работничкото и комунистичкото движење. Во ослободителната војна учествувал од 1941 г. во Крушево. Во јуни 1942, стапил во НОПО „Питу Гули“. Кон крајот на 1942, со група борци од одредот, се префрлил на територијата под италијанска окупација (Кичево, Гостивар и Тетово). Наскоро станал борец Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“ (март 1943), потоа борец во Кичевско-мавровски народноослободителен партизански одред, како и во НО баталјон „Мирче Ацев“. Бил заменик командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, воен раководител на Првата македонско-косовска НОУБ и командир на чета во Втората македонска НО бригада. Загинал во борба со германските сили.

Наводи

  1. „БЕРБЕРОВСКИ, Димитар“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-03-08.
  2. Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 69. ISBN 9989-624-46-1.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya