Димитар Мечев
![]() Димитар Мечев, познат под прекарот Диме Мечето, — македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати. ЖивотописДимитар Мечев е роден 1870 година во Велес, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во оваа гимназија се запознал со анархистичките идеи и станал член на Гемиџиите. Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 28 април (нов стил) Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, при што од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени. Следниот ден, Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но не успеале бидејќи стражарот ги избркал. Потоа, Мечев и Трчков се разделиле, а Мечев фрлил неколку бомби пред хотелот Египет. По атентатите Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.[1][2] Извори
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia