Илија Трчков
Илија Трчков (1884-16 април 1903) — македонски револуционер, член на Гемиџиите и еден од солунски атентатори. ЖивотописИлија Трчков е роден 1884 година во Велес, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во росниот град, а школувањето го продолжил во Солун, во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Додека таму се школувал се запознал со анархистичките идеии и станал дел од Гемиџиите, а коко таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 15 април Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени. На 16 април Димитар Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за гасно осветлување, но не успеале бидејќии стражарот ги избркал. По неуспехот тие се разделиле, а Трчков фрлил бомба во австриската пошта, гавазот обидувајќи се да ја исфрли бомбата, му експлодирала во раце. По атентатите Мечев и Трчов се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Одтако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.[1][2] Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia