Димитар Станковски
Димитар Станковски (р. 11 октомври 1946, Прилеп - 3 јануари 2007, Скопје) — македонски театарски и филмски режисер и глумец. Бил вработен во Драмски театар - Скопје. ЖивотописДипломирал на Театарската академија во Софија (1970). По завршувањето на Театарската академија во 1970 година, веднаш се вработил во Драмски театар - Скопје, а во период (1999-2001) бил директор на истиот и повторно во (2003-2004) година. Како режисер дебатирал со комедијата "Нажалена фамилија" од Бранислав Нушиќ со кое учествувал на Стериино позорје во Нови Сад во 1971 година. Во истата година на малата сцена ја режирал камерната драма "Болен Дојчин" од Георг Сталев, во главна улога глумецот Марин Бабиќ, во која по неколку месеци доживеала голем успех на фестивалот на малите експериментални сцени во Сараево. Посветувајќи се целосна на режија, Станковски имаше посебен афинитет кон од драмските текстви лд современата македонска и светска драматургија. Од над 110 режирани претстави барем шест се играни околу 150 пати - "Косанќичев венец", "Нажалена фамилија", "Женски оркестар", "Чија си", "Грев или шприцер", "Вагинални монолози". Последните неколку години ги создаде: "Три сестри" во Драмски театар - Скопје, "Небо без рамка" во Детдкиот театарски центар, "Последниот маж, последната жена" во продукција на Планета, "Позитивно мислење" на Универзална сала – Скопје, "Мушичка" и "Адска машина" во Театар Куманово, "Татко" во Народен театар Војдан Чернодрински, "Оркестар титаник" во Македонски народен театар. Театарски претстави
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia