Димитар I КантакузинДимитар I Кантакузин (грчки: Δημήτριος Καντακουζηνός, Demetrios I Kantakuzenos, околу 1343, помеѓу 1384 и 1420) бил севастократор и византиски деспот на Мореја. СемејствоДимитар произлегува од византиската царската фамилија Кантакузини и од бугарската царска фамилија Асеневци. Тој бил вториот син на Матеј Кантакузин, деспот на Мореја и неговата сопруга Ирина Палеологина, ќерка на деспот Димитар Палеолог и неговата сопруга Теодора и внука по таткова линија на царот Андроник II Палеолог и Ирина Монфератска. Татко му бил син на димотишкиот цар Јован VI Кантакузин и Ирина Асенина. Со предокот на прабаба му Ирина Монфератска, Димитар I Кантакузин бил роднина на бројни кралски фамилии[1]. УправувањеОд 1361 година Димитар I бил прогласен за деспот на Мореја.[2]. Византискиот цар Јован V Палеолог решил во 1381 година да го смени Матеј Кантакузин со својот син Тодор I Палеолог. Во 1383 година Матеј Кантакузин ја пренесел власта на Димитар и му наредил да ја предаде власта на Палеолозите мирно и спокојно. Димитар се обидел да ја задржи власта за себе, но не успеал. Тодор I Палеолог пристигнал во Мореја и ја зазел власта од Димитар I Кантакузин. Еден внук на Димитар I, Мануил Кантакузин се обидел да ја преземе власта во Мореја во 1453 година непосредно по падот на Цариград. ПотомциСпоред Foundation for Medieval Genealogy, Byzantium 1261-1453, Димитар I Кантакузин имал две деца:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia