Ирина Палеологина (сопруга на Матеј Кантакузин)
Ирина Палеологина била византиска царица, сопруга на византискиот царот Матеј Кантакузин. Ирина била ќерка на деспотот Димитар Палеолог и неговата сопруга Теодора. Таа била внука на царот Андроник II Палеолог и Ирина Монфератска. Според историјата на Јован VI Кантакузин, Ирина се омажила за Матеј Кантакузин во 1340 година. Матеј Кантакузин бил син на димотишкиот цар Јован VI Кантакузин и Ирина Асенина. Ирина Палеологина му родила на Матеј Кантакузин пет деца[1]:
На 25 октомври 1341 година Јован Кантакузин се прогласил за цар во Димотика. Граѓанската војна меѓу него и законскиот цар Јован V Палеолог завршила во 1347 година со признавањето на Јован Кантакузин за соцар на Византија и ја омажиле неговата ќерка Елена Кантакузина за Јован V Палеолог. На 15 април 1353 година Матеј Кантакузин бил прогласен за соцар на Јован V и Јован Кантакузин. Така Ирина Палеологина станала помалата совладетелка на нејзината свекрва Ирина Асенина и на својата золва Елена Кантакузина. На 4 декември 1357 година Јован Кантакузин абдицирал и заедно со неговата сопруга се повлекол во манастир. Матеј Кантакузин сепак ја задржал титулата и заедно со неговата сопруга се одвоил како самостоен владетел во Тракија. Во февруари 1356 година Матеј и Ирина се земени во заробеништво од српски војници. Заложништвото им продолжило до интервенцијата на Јован V Палеолог во декември 1357 година. Во замена за помош од царот, Матеј Кантакузин бил принуден да абдицира, а Ирина Палеологина престанала да ја носи титулата царица. Датумот на смртта на Ирина Палеологина не е познат. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia