Димитрие ДурацовскиДимитрие Дурацовски (15 февруари 1952, Струга) — македонски писател. ЖивотописДурацовски е роден на 15 февруари 1952 година во Струга.[1]. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 година. ТворештвоДурацовски е автор на книгите:
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] Дурацовски е припадник на т.н. петта генерација или Петти круг на автори, кои на македонската книжевна сцена се јавиле во 1980-тите години. Целиот опус на Дурацовски е во знакот на постмодернизмот. Со романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој направил голем пресврт во стилот. Во двете збирки раскази, тој пишуваал во стилот на фантастиката и ониричноста, со користење цитати, парафрази и позајмувања од други книжевни дела. Во „Инсомнија“, тој ја напуштил строгата, контролирана функционалност, вметнувајќи долги автобиографски пасажи и есеизирања. Во романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој ја напуштил функционалната димензија и навлегува во т.е. постмодерна носталгија.[4] За романот „Insomnia“, Дурацовски ја добил наградата „Рациново признание“.[5] НаградиВо 2019 година, Дурацовски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[6][7] Значење и влијание
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia