Димка Митева
Димка Митева — македонски лексиколог, лексикограф, ономастичар, дијалектолог, граматичар, хроничар, био-библиограф. Образование и работен векОсновното и средното образование го завршила во Струмица, а високото на Филозофскиот факултет, група Славистика со македонски јазик како втор главен предмет во Скопје. Во 1971 година се вработила во Институтот за македонски јазик, каде што ги поминала сите научни и стручни звања: од стажант до научен советник (1994). Едновремено магистрирала на тема од областа на ономастиката и докторирала на филолошки науки на тема од областа на лексикологијата. Од почетокот на 1992 година го раководела главниот проект на Одделението за лексикологија и лексикографија „Толковен речник на македонскиот јазик“ со потпроект „Речник на македонската народна поезија“. Добитничка е на орден на трудот со сребрен венец (1986 г.) ДелаОбјавила околу 200 научни и стручни трудови, презентирани на конгреси, научни собири, симпозиуми и семинари, како и неколку посебни изданија (книги):
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia