Димче Ристески

Димче Ристески
Роден 1920 година
Починал 20 ноември, 1943 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација.
Стрелан од балистите.
Националност Македонец

Димче Аритонов Ристески ( 1920 во Карбуница20 ноември 1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

По занимање бил земјоделец. Определен за борба против окупаторот, почнал да работи за потребите на народно ослободителното движење. Во 1943 година бил осомничен како комунист од балистите и затворен. Во селото активно работел на собирање храна, облека, оружје, одржувал курирски врски и други работи за Народноослободителната војска на Македонија. На 20 ноември 1943 година, кога балистите го стрелале Реонскиот комитет во Карбуница, стрелан бил ѝ Димче заедно со своите другари - членови на Комитетот.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 104.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya