Династија Јагелонци![]() Јагелонците биле гранка на династијата Гедиминиди. Нивниот почеток потекнува од Владислав II Јагело, великиот војвода на Литванија и крал на Полска. Нејзините претставници владееле со Полска во периодот од 1386 до 1572 година, со Големото Кнежество Литванија во 1377–1401 и 1440–1572, со Бохемија во 1471–1526 година и со Кралство Унгарија и Кралство Хрватска во 1440–1444 како и 1490-1526 година. Основач на династијата бил големиот литвански принц Јагело, кој во Полска владеел како Владислав II Јагело. Тој во договорот склучен во Крево (Кревски Сојуз) на 14 август 1385 година, се обврзал да се ожени со престолонаследникот на Кралството Полска, Јадвига Анжујска и да се покрсти, заедно со своите браќа, со што настапила христијанизацијата на Литванија. Додека владеел во Полска, тој ја зајакнувал својата позиција со постојано решавање на судски и внатрешни спорови за време на неговите бројни турнеи низ кралството, како и со тоа што довело до обновување на Црвена Русија во 1387 година и пораз на трупите на Тевтонскиот ред во битката кај Грунвалд во 1410 година. Во исто време ја зајакнал и Литванија со наметнување примирје на Големото Московско Кнежество, во негова полза а потпишано на реката Угра во 1408 година, консолидирајќи ја литванската доминација над рутенските кнежевства и Велики Новгород, и со склучување на Сојуз на Хородло на 2 октомври 1413 година, со што ги изедначил правата на Полска и Ливанија. По смрт на Јадвига Анжујска, која не оставила потомство, Владислав II преземал дејствија за да обезбеди наследство на тронот за своите синови, родени од страна на неговата четврта сопруга Сонка Холзањска. Доделувајќи им на благородниците кралските овластувања, кои биле разочарани од неефикасната политика кон Тевтонските витези и имале ограничено учество во власта. По смртта на Владислав II Јагело во 1434 година и неговиот постар син Владислав III во 1444 година, помладиот син Казимир IV Јагелон успеал да се позиционира како крал на Полска во 1447 година и да ја припо Померанија кон Полска на 6 април 1454 година. Неговиот првороден син, роден од Елизабета Хабсбуршка, Владислав Јагелонски по долги граѓански војни ги презел троновите на Кралството Бохемија во 1471 година и на Кралството Унгарија во 1490 година. Недомаќинските политики на династијата довеле до слабеење на кралската ризница, со што се оневозможило споротиставувањето на зголемената важност на Големото Московско Кнежество и нивниот сојузник Кримското Ханство во втората половина на 15 век. Помладите синови на Казимир IV, Јован I и Александар, кои подоцна владееле со Кралството Полска и Големото Литванско Кнежество, не биле во можност да ја спречат заканата од источните територии на Полска и Литванија. Тие биле принудени да склучат компромиси со полското благородништво, значително зголемувајќи го нивното влијание во Полска. Нивниот најмлад брат Зигмунт I, по доаѓањето на власт во 1506 година, потпишал примирје со Москва на 14 септември 1522 година, во кое се откажал од регионот Смоленск и 1/3 од територијата на Литванија. На 22 јули 1515 година, во Виена, склучил договор со Хабсбурзите со кои им го препуштил наследство според чешко-унгарската јагелонска линија во Унгарија и Бохемија. Во 1525 година во Краков се согласил, на неговиот внук Алберт Хоенцолерн да му го даде Војводство Прусија, што претставувало крај на Монашка држава на Тевтонскиот ред. По изумирањето на унгарската јагелонска линија во 1526 година, Унгарија била поделена меѓу Хабсбурзите и Отоманската империја, Зигмунт I бил проморан да подпише примирје во 1533 година, признавајќи ја турската власт над Молдавија. Смртта на последниот владетел од династијата Пијасти од Масовија во 1526 година му овозможило на Зигмунт I да ја вклучи Мазовија кон Полска, а активностите што ги презела неговата втора сопруга Бона Сфорца за враќање на кралските имоти овозможиле делумна обнова на ризницата. Во 1530 година, единствениот син на кралската двојка, Зигмунт II Август, бил крунисан за крал на Полска за време на животот на неговиот татко, но противењето на благородништвото на оваа форма на избор и предноста на магнатите кои имале високи позиции во Полска резултирало со одлука да се има избор за монарх по смртта на кралот. За време на периодот на независното владеење на Зигмунт Август, во конфликт со благородничкото егзекуционистичко движење, правел напори за одржување на религиозниот мир за време на протестантска реформација, со што ги пропоил Курландија и Ливонија кон Јагелонскиот сојуз. Но за сметка на Москва ја загубил областа Полоцк. Во последната деценија од своето владеење, во соработка со благородничкото движење, им одзел дел од имотите на магнатите, но решил да не ги лиши од политичките позиции стекнати во првата половина на XVI век. Во 1569 година овозмошил склучување на Лублинскиот сојуз, која означувала почеток на Полско-литванска Државна Заедница и анексијата на Украина, Волинија и Подласие кон Кралството Полска. Бидејќи ниту еден од браковите на кралот Зигмунт II, со сестри Елизабета и Катерина, кои потекнувале од династијата Хабсбург, и со Барбара Раџивиловна полска благородничка, не вродиле со престолонаследник, смртта на владетелот означувала крај на династијата Јагелонци. Односно периодот 1572–1575 година, бил наречен Големиот меѓурегнум, временско растојание од престанувањето на една власт до настапувањето на друга. ![]() Периодот на владеење на династијата Јагелонците, означувал и промени во полскиот политички систем. Како резултат на преговори на династичките и кралските привилегии, благородништвото се повеќе заземало одлучувачка улога, а градовите го губеле своето политичко значење. Крајот на јагелонската ера бил одбележан со зголеменото значење на магнатите и недостатокот на институционална регулација на развојот на полскиот парламентаризам. Траен спомен на науката за време на владеењето на династијата на Јагелонците бил Универзитетот во Краков, обновен од основачот на династијата. Неговите научници, под власта на династијата, учествувале во револуционерните интелектуални дебати во Европа. Универзитетот ја губел својата позиција, заедно и со паѓањето на јагелонската власт. Како резултат на воените неуспеси на Јагелонците, се случиле револуционерни промени во старата полска војска. Монарсите од династијата Јагелоници значително придонеле за одржување на верскиот мир во Полска за време на реформацијата, прифаќајќи ги ренесансните трендови и воведувајќи го полскиот јазик како официјален јазик. Периодот на владеење на последните двајца јагелонски монарси се смета за златно доба на полската култура. Големиот меѓурегнум завршил со крунисувањето на сестрата на Зигмунт II, Ана Јагелонска. По смртта на нејзиниот сопруг Стефан I Батори, тронот го презедел внукот од последните Јагелонци, синот на Катерина Јагелон и кралот на Шведска - Сигизмунд III Васа. Политичка историја на династијата![]() Јагелонскиот сојузПрестолонаследништво по Пјастите и АнжујцитеСмртта на последниот крал од династијата Пјаст, Казимир III Велики, во 1370 година, без да остави машки наследник, резултираше – во согласност со договорот склучен за време на животот на монархот – со стапување на полскиот престол на внукот на починатиот крал – моќниот владетел на Унгарија од династијата Анжујци Лајош I Анжујски. Ова не го решило проблемот со наследството на династијата Пјаст, бидејќи кралот Лајош бил болен [1] и немал син наследник. Полските магнати решиле да го поништат тестаментот на Казимир III, кој како наследник го наведувал Казимир IV кнезот од Померанија[2][3] и започнале преговори за наследување на тронот[4]. Во 1374 година од страна на кралот во договор со благородниците била издадена Привилегија на Кошице во која тие се согласиле да ја признаат ќерката на Лајош I како наследник на престолот, во замена за гарантирање на територијалниот интегритет на државата, ограничувања на кралските овластувањата и даноците, како и учество во воени експедиции на благородништвото[5]. Ова овозможило натамошна фаза на преговори помеѓу претставниците на благородништвото и кралот заедно со магнатите во врска со наследувањето на тронот, од страна на ќерката на Лајош I и нејзиниот избран сопруг.[6] Сè до неговата смрт во 1382 година, кралот не успеал да го предаде наследството на Анжијците. Непризнавањето на тестаментот на од унгарската страна, како и пристигнувањето на невенчаната помлада ќерка на кралот, Јадвига Анжујска, во Полска во есента 1384 година им овозможило на магнатите од Мала Полска слободно да одлучуваат за раката на младата наследничка на престолот на Кралството, поставувајќи услови за потенциалниот кандидат за нејзин сопруг и иден владетел на Полска.[7] На крајот, спротивно на мислењето на некои од големополското благородништво[8][9], изборот бил совладетелот на Литванија, која била во криза од 1377 година, дваесетгодишниот принц Јагело. Тој бил помладиот син на Големиот војвода Алгирдасд. Во договорот склучен на 14 август 1385 година во Крево, Јагело се обврзал да дојде во Полска, да се покрсти по католички обред и да ги припои териториите на својато литванско владеење кон Кралството Полска.[9][10] Полско-литванскиот сојузНа 4 март 1386 година покрстен како Владислав и крунисан за крал на Полска, Јагело добил значителна моќ и авторитет, што му овозможило целосно да владее со Литванија. На 4 август 1392 година, потчинувајќи го својот амбициозен братучед Витаутас, конечно успеал да ја заврши Граѓанската војна во Литванија. Преобразбата од пагани во католици, им овозможило на литванските магнати сплотување на силите за власт над земјите долж Днепар, населени претежно со православни Русини. Полската воена помош и овозможила на Литванија успешно да ги брани териториите на Аукштатија од Тевтонскиот ред и да потпише компромисен мир на 12 октомври 1398 година[11][12] . Во исто време, Кралството Полска ја повратило Црвена Рутенија од Унгарија во 1387 година. Создавајќи сојуз бил ставен крај на литванските ограбувачки напади на десниот брег на Висла, што овозможило развој на кралството.[13] Хармоничната соработка меѓу двете земји била нарушена по смртта на Јадвига на 17 јули 1399 година, не оставајќи на Полска природен наследник на тронот.[14] Владислав II Јагело успеал во преговори со Советот на круната, да изнајде договор кој бил корисен за двете земји, задржувајќи го полскиот трон преку брак со внуката на Казимир III Ана Цељска.Полска продолжила да обезбедува вооружена помош за Литванија против нејзините последователни непријатели. Литванско-полскиот поход на југоисток, бил поразен од Монголите во август 1399 година. Тоа довело до зголемен притисок врз крајбрежните земји на Литванија од страна на Тевтонскиот ред [15], но Јагело успеал да ја стабилизира ситуацијата со назначување на Витаутас за Голем војвода на Литванија. Тоа довело до потпишување примирје со Москва на реката Угра во летото 1408 година и постигнување голема победа над Тевтонскиот ред во битката кај Грунвалд на 15 јули 1410 година.[16][17] Овие победи ја елиминирале заканата од војна во два фронта за Литванија, привремено правејќи ја независна од полската помош и овозможивајќи склучување Сојуз во Хородло во 1413 година, со што се изедначиле правата на партнерите, но сепак ситуацијата станувале сè посложена поради недостатокот на кандидат за наследник на тронот. Договорот од Мелно склучен во 1422 година ставил крај на Литванско-тевтонските војни.[18] Воспоставување на династијаПрестолонаследништво по Владислав II ЈагелоВладислав II Јагело со втората сопруга Ана Цељска, која починала во март 1416 година, имал само една ќерка, Јадвига. Со својата трета сопруга, Елизабета Грановска, кралот немал деца. Во февруари 1422 година, Јагело се оженил со младата рутенска принцеза Сонка (Софија), која го родила првиот син на веќе остарениот владетел. Владислав III Јагелон бил роден на 31 октомври 1424 година, а следните синови на кралската двојка, биле родени во 1426 и 1427 година. Бидејќи машките потомци на монархот имале наследни права само во Литванија, кралот и кралицата презеле голем број мерки за да обезбедат наследување на првородениот син на полскиот престол.[19] Овие напори биле успешни, но по цена на значително осиромашување на Кралската ризница и слабеење на кралската власт во долготрајните преговори. Благородништвото на Кралството Полска, во замена за привилегии кои ја зголемуваат нивната слобода, се согласиле да го изберат синот на Владислав Јагело за крал.[20] Основоположникот и најистакнатиот владетел на династијата Јагелонци починал во 1434 година.[21] Малолетниот син на Јагело, Владислав III, бил крунисан по смртта на неговиот татко. Власта во негово име ја презеле магнати, предводени од краковскиот бискуп, Збигњев Олешицки, кој го поразил противењето на средното благородништво во битката кај Гротники во мај 1439 година.[22] Во јануари 1440 година, Владислав III исто така бил избран за крал на Унгарија и засекогаш ја напуштил Полска, учествувајќи во војната против Хабсбурзите за унгарската круна и во битките против Отоманското царство во одбрана на Унгарија.[23] И покрај огромните направени трошоци, за кои биле земени заеми за поголемиот дел од кралските имоти во Полска[24], овие војни завршиле со пораз и смрт на Владислав III во битката кај Варна на 10 ноември 1444 година.[25] Преземање на власта од страна на Казимир IV ЈагелонЗаминувањето на кралот Владислав III да го преземе унгарскиот престол и смртта на гувернерот на Литванија Сигизмунд Кејстутович во 1440 година, го принудиле усвојувањето на привремени решенија во врска со практикувањето на власта во Јагелонскиот Сојуз. По отстранувањето на Швитригело, литванскиот кнез и литванските сепаратисти кои сакале да го прекинат сојузот, со помош на подржувачите на континуираниот сојуз на Литванија со Полска, на власт бил донесен помладиот син на Јагело, Казимир IV Јагелон, прогласувајќи го за Голем војвода од Литванија.[26][27] Веста за поразот во Варна и период на дисконтинуитет во владата, предизвикан од недостатокот на убедливи докази за смртта на Владислав III од Варна му овозможиле на Казимир IV Јагелон да има претензии за тронот во Краков и решително да преговара со полските магнати. Со поддршка на неговата мајка, кралицата Софија Холшанска и соочени со заканата од раскинување на сојузот со Литванија, Полска се согласила да го признае Казимир за наследник на Кралството Полска и неговото крунисување било на 25 јуни 1447 година.[28] Новиот крал успеал да го смири полско-литванскиот конфликт со тоа што ги принудил литванските елити да и ги отстапат на Полска, трите погранични окрузи Волинија.[29] Во 1454 година се оженил за Елизабета од династијата Хабсбург.[30] Враќање на пристапот до Балтичкото МореСо наметнување на примирје кај Угра на Московско Војводството летото 1408 година и извојувајќи голема воена победа над Тевтонскиот ред во 1410 година, Јагелонскиот Сојуз се етаблирал како европска сила. Владислав II Јагело ги искористил победите на коалицијата за конечно да ги стабилизира внатрешните односи во Литванија, да ја поврати Самогитија од Тевтонските витези и да наметне литванска доминација врз Твер, Рјазан и Велики НовгородСепак Полска не добила никакви директни територијални придобивки од нејзините успеси [31][32] . Последователните вооружени конфликти со Тевтонскиот ред (Војната на гладот и Голубската војнат) ѝ овозможиле на Литванија да ги врати сите загуби и да склучи конечен мир во 1422 година. Во исто време, кралот Владислав II постојано избегнувал да ги распредели силите на Сојузот, покрај тоа што се приклучил на општата европска политика со интервенирање во Чешката Република, која била зафатена од граѓанска војна, тој не се одлучи за воена вмешаност.[33] Мировниот договор склучен со Тевтонскиот ред во Бжешќ Кујавски во 1435 година ја нагласил надмоќта на Кралството Полска, но уште еднаш не донел никакви територијални придобивки за државата.[34] Казимир IV Јагелон, вклучен во бројни конфликти, не успеал активно да се спротивстави на зголемената важност на Московско Војводство и принцот Иван III Велики, кој владеел од 1466 година. Со поразување на Новгородските трупи во Шелонија на 14 јули 1471 година. Како и со одбивањето на монголската интервенција на реката Угра во 1480 година, тој го врати целосниот суверенитет на Москва, која започнала да го загрозува територијалниот интегритет на Големото Кнежество Литванија.[35] Династија за време на европскиот пресвртСо оглед на владеењето на Владислав Јагелон во Унгарија и Бохемија и смртта на неговиот син Казимир, Казимир IV Јагелон им предложил на Полјаците неговиот трет син, Јован I Алберт, да го преземе тронот, а четвртиот син на кралот, Александар, стане кнез Литванија. Изборот на првиот изборен крал на Полска се одржал на 27 август 1492 година во Парламентот во Пјотрков со учество на благородништвото и претставници на градовите. И покрај тоа што имале одделни монарси, Полска и Литванија останале во тесна заедница поради блиската соработка на браќата Јан Алберт и Александар и силните врски меѓу двете земји, зајакнати со заеднички закани.[36] Како одговор на политичкиот притисок што го извршиле соседните земји врз Јагелонскиот Сојуз, кралот Јован I Алберт одлучил, во договор со неговите браќа, Александар и Зигмунт I, да преземе воени операции на југоисток. Со давањето привилегии на средното благородништво, што ја зголемило нивната моќ над селаните и им овозможило да стекнат дополнителна земја за обработка, кралот ја доби поддршката од Парламентот на Државниот сојуз на Полска и Литванија кој го претставувале благородништвото и успеале да соберат соодветни финансиски средства, меѓутоа, походот во 1497 година завршил со порази кај Сучеава и Буковина, со големи воени загуби.[37] Големиот интеррегнумОдвојувањето на кралот Зигмунт II од Катерина Хабсбуршка кое се случило на 8 октомври 1566 година, ја прекинало можноста на благородништвото за продолжување на династијата. Смртта на кралицата на 28 февруари 1572 година не го променила овој статус, бидејќи кралот Зигмунт II, покрај неговата средна возраст, веќе бил сериозно болен.[38] Тој не соработувал повеќе со парламентот, кој самостојно се свикал во Варшава во 1572 година, во врска со регулирањето на политичкиот систем, и покрај неформалните аранжмани направени од сенаторите во врска со првите дејствија во случај на смрт на кралот, последен од Јагелонците. Зимунт II Август, умрел на 7 јули 1572 година, оставајќи ја државата без официјализирање на изборите за кандидат за крал.[39] Ова била причинта за Големиот интеррегнум односно временско растојание од престанувањето на една власт до настапувањето на друга, време кога нема владетел, кога владее намесник. Уставната политика на ЈагелонцитеРазвојот на централните институции на државната држава под власт на ЈагелонцитеПромената на владејачката династија и сојуз со слабо внатрешно уредување, а сепак територијално обемно Големо Кнежество Литванија имало значително влијание врз промената на политичкиот систем во Полска. Владислав II Јагело, кој го презел владеењето со Полска во 1385 година, бил принуден да го сподели владеењето со институциите на монархијата,[40][41][42] кои во текот на многу години имале цел на поделба на последното феудско кралство[43] на династијата Пјасти. Присилната соработка придонела за развивање на идејата за одвојување на моќта на монархот од интересите на кралството - државата, сфатена како независен ентитет претставен од магнати, претставници на благородништвото и градовите и универзитетски научници, кои работат во рамките на институциите обликувани според обичајното право.[41][44] Главна консултативна институција на кралството бил постојаниот совет на советници на монархот (consilii regis) - кој обезбедувал соработка помеѓу владетелот и магнатите и го воспоставил методот на спроведување на донесените одлуки, истовремено урамнотежувајќи ги локалните влијанија. Учеството во консултациите го обврзало да се биде лојален на едногласно донесените одлуки.[45] Составот на советот, бил предмет на спор помеѓу монархот и ривалските земјопоседници, што довело до создавање на две различни неформални институции: Владислав II Јагело автономно го избрал составот на тајниот (тесен, приватен) совет (privum concilium), но морал да го земе предвид и мислењето на сите политички активни луѓе што го формирале неформалниот „голем совет“.[41][43][45] Влијанието на политиката за наследување на Јагелонската династија врз полскиот политички системРадикална промена во политичките односи во Полска се случила како резултат на раѓањето на синови од четвртата сопруга на кралот Владислав II на 31 октомври 1424 и 30 ноември 1427 година - оттогаш па натаму, кралската двојка се трудела да го обезбеди наследството на Владислав III и да го врати на принципот на природно наследство. Магнатите, поддржани од благородништвото, стоеле цврсто на ставот за избор на престолонаслчедник, не двоумејќи се да го прекорат остарениот крал дека бил поканет на престолот од земјопоседниците како и обврската за христијанизација.[46][47][48] Политичкиот конфликт што се случил на генералните собранија (conventio generalis) во 1425–1426 година имал одлучувачко влијание врз развојот на полските институции. Дворниците со поддршка на некои старешини и градови, довеле до признавање на правото за наследување на династијата Јагелонци во Полска во замена за церемонијална потврда на правата и привилегиите на Кралството, дадени суверено од монархот. Како одговор на тоа, на 30 април 1425 година, заедниците на кралството Полска собрани во Бжешќ Кујавски писмено го признале синот на Владислав II Јагело за престолонаследник, нагласувајќи ја во исто време надмоќната застапеност на благородниците во Кралството и потврденото право на политичкиот систем над монархот.[49][50] И покрај изразувањето обврска од страна на Владислав II со која се потврдува неопходноста на кралскиот син да се заколне на привилегиите и слободите кои претходно ги издавале монарсите пред да ја преземе власта[51] кралот Владислав II Јагело се обидел да ја повлече обврската на неговиот син и да ја отстрани разликата помеѓу престолонаследните и избраните владетели од документите. Не согласувајќи се со овие барања, магнатите собрани во генералниот парламент во Ленчица во јуни 1426 година демонстративно ја повлекле својата согласност да го признаат наследството на синот на кралот, пресекувајќи го кралскиот документ со меч.[50][52] Како реакција, кралот Владислав II Јагело презел неколкугодишни обиди да ја прекине солидарноста на земјопоседниците со добивање признавање на наследството во рамките на династијата од поединечни магнати и градови, постигнувајќи одреден успех на овој начин.[53][54] Сепак се стретнал со силно противење од состанокот на опозицијата во Сејмот, барајќи признавање на политичкиот систем на Кралството.[55] Јагело кој има потреба од поголема поддршка од земјопоседниците во спорот за наследството во Литванија, попушти на притисокот на опозицијата и на 4 март 1430 година, го издал документот Привилегија на Једлина, гарантирајќи ги претходните права на благородништвото и право за избор на престолонаследник на Кралството Полска.[56] Полнолетството на Владислав III го засилило политичкиот конфликт помеѓу „постарите советници“ кои всушност ја имале власта и „помладите“ кои немале никакво влијание врз младиот крал. Обидот да се ослабне позицијата на олигархискиот крунски совет со воведување „помлади“ делегати во судовите, поставени на Конфедерацијата на Нови Корчин, основана на 3 мај 1439 година, бил одбиен од воените трупи лојални на епископот Олешницки во битката кај Гротник во 1439 година. Подоцна веќе не биле направени дополнителни обиди за промена на системот, со помош на воени средства во Полска.[57][58][59][60] Смртта на кралот Владислав III Варненчик на 10 ноември 1444 година во битката кај Варна го принудил кралскиот парламент да ја преземе целосната власт во Полска. Неизвесната судбина за иднината на тронот ги принудила на преговори братот на починатиот монарх – Казимир[61] На тој начин парламентот ги проширил своите овластувања да одлучува за сите државни работи. Како резултат на безбладетелство во периодот на 1444–1447 година, парламентот веќе бил целосно независна, од династијата, институција на Кралството, со целосни и суверени овластувања да управува со Полска и да го претставува Кралството.[62] Новиот крал повеќе немал можност да го игнорира значењето на парламентот[63] и бил принуден постојано да соработува со претставниците на Кралството, без чија соработка не можел да спроведе ниту законски измени ниту политички постулати. Позицијата на монархот била сведена на онаа на водач на елита, стремејќи се да постигне консензус меѓу фракциите што би биле во негова полза.[64] Иако кралот ја задржал целосната моќ во одлучувачките прашања за назначувањето на функционери, ризницата и надворешната политика.[65] Неможноста на кралот да ја заобиколи застапеноста на земјопоседниците во општеството резултираше со политичка борба на Казимир IV, за составот на парламентот - кралот се обидувал самостојно да го избира времето, местото и составот пратениците. Како одговор, благородниците привремено го бојкотирале учеството на советот и не ги спроведувале одлуките донесени во нивно отсуство.[63] Настојувајќи да го одземе правото на советот да го свикува парламентот, стекнато за време на безбладетелство, кралот се обидел да го трансформира во негово помошно советодавно тело со цел да му го одземе сувереното право да го претставува Кралството.[66] Династичката политика на ЈагелонцитеИзумирањето на машката линија на Анжиуците со смртта Лајош I Анжујски на 10 септември 1382 година, започнала борбата помеѓу династиите за тронови во земјите со кои претходно владеела изумрената династија. Планот за поделба на власта на кралот Лајош I создала два династички блока разделени со Карпатите. Луксембурзи, кои владееле со териториите на Полска и Бранденбург, доделени на Маркгроф Сигизмунд Луксембуршки, и Унгарија и Војводство Австрија обединети под власта на војводата Вилхелм Хабсбуршки.[67][68][69] Назначувањето на унгарскиот тронот на постарата ќерка на Лајош, Марија, од страна на унгарското благородништво на 15 септември 1382 година ги поништиле овие планови, а изборот на Јагело за крал од полското благородништво вовело нова династија во династичките борби - Јагелонците.[70][71] Славата од победата на Грунвалд и толерантната власт на Јагело во Полска, која била привлечна за културно различните периферни провинции на Јагелонскиот Сојуз, ги разбудила интересите на опозицијата во Унгарија и Чешка за полскиот владетел како потенцијален конкурент на владејачките Луксембурзи. Тоа биле причините кои му отвориле пат на Владислав II Јагело и неговото семејство да стекнат влијание во земјите на Централна Европа.[72] Поразот на Јагелонската династичка политикаВо периодот помеѓу 1490–1493 година, јужна Унгарија станала плен на турските инвазии, значително ослабувајќи ја државата.[73] Во 1495 година, Унгарија склучила тригодишно примирје со Турција,[74] не координирајќи ја политиката со Полска.[75] Владислав II Јагелон, заплеткан во бројни конфликти, не бил во можност да се спротивстави на постепеното одземање на приходите од кралската ризница од страна на унгарските магнати.[76][77] Кандидатурата на чешкиот и унгарски крал Владислав II, кој се стремел да го преземе тронот и во Полска, по смртта на Казимир IV на 7 јуни 1492 година, не добила поддршка.[78] Несоодветното владеење и заминувањето на Владислав II во Унгарија, довеле до конечно укинување на кралската власт во Бохемија. Според Владиславскиот устав од 1500 година, управување преминало во рацете на имотите организирани во две комори со одлучувачкиот глас на магнатите, иако чешките градови го задржале влијанието врз одлуките.[79] По смртта на Јан I Алберт на 17 јуни 1501 година, великиот војвода Александар Јагелон, игнорирајќи го стажот на неговиот брат Владислав II, ја прифатил круната на Кралството Полска на 3 октомври 1501 година[80] и во пролетта 1502 година го отфрлил унгарскиот предлог на литванскиот војводата Зигмунт Јагелон, што резултирало со зголемени тензии во Јагелонскиот двор.[81] Следниот предлог од Унгарија, да му се додели на Зигмунт гувернерството врз Тевтонска Прусија, ја загрозила Полска да ја врати трајно спорната феудална власт над Тевтонскиот ред и исто така бил одбиен, па конечно Владислав II Јагелон се согласил да го назначи својот брат во Шлезија како унгарски гувернер [82]. Дипломатската интервенција на Владислав II во одбрана на правата на децата на војводата Конрад III Црвениот, кој починал на 23 октомври 1503 година, спречило спојување на Масовија со Полска во 1504 година и го принудило кралот Александар да донесе одлука да му го даде власт врз Прусија на Зигмунт, што сепак на крајот не било реализирано.[83] Во септември 1502 година, трупите на молдавскиот господар Стефан III Велики, со неофицијална поддршка на унгарските магнати, ја окупирале полската област Покутиа.[84] Проектот за дипломатско решение на кризата во Покутиа и обновување на полското владеење над Молдавија преку бракот на наследникот на Стефан III , Богдан III Едноокиот, со сестрата на кралевите Владислав II и Александар Јагелон, Елизабета Јагелон[83] покрај склучувањето на предбрачниот договор од 1 до 16 февруари, не вродило со плод. Династичките и дипломатските конфликти го попречувале Кралството Полска да ја координира јагелонската политика врз внатрешните конфликти во Унгарија [85]. Средното благородништво се спротивставило на условите за мир со Хабсбурзите, создавајќи антимагнатска национална партија предводена од Јан Заполски . Преку заканата за детронизација на кралот Владислав II, биле прекинати условите за мир од Посони во 1505 година и предизвикале војна со Австрија, која завршила со унгарскиот пораз во 1506 година и зајакнувањето на влијанието на императорот Максимилијан на Дунав. Поради борбата меѓу благородништвото и магнатите поддржани од Хабсбург, воените и даночните реформи на Матијас I Корвинус биел поништени, постојаната платеничка армија беше ликвидирана и Унгарија повеќе не била во можност ефикасно да одговори на турскиот воен притисок [86] . Последици од јагелонската ера во ПолскаКлучниот проблем на целата Јагелонска династија бил недостатокот на машки потомци на владетелите. Владислав Јагело долго чекал да добие син. Допрва со четвртата сопруга имал три сина, од кои само еден имал деца. Долгогодишната неизвесност за наследникот на престолот довело до трајна елиминација на уставниот принцип на наследноста на тронот во Кралството Полска.[87] Од шесте сина на Казимир IV Јагелон, само тројца се венчале, а само Владислав и Зигмунт имале деца. И Лајош II и неговиот братучед Зигмунт II Август немале легитимни потомци. Првите слободни избори се одржале во 1573 година. За крал бил избран Анри Валоа, францускиот принц. Тој требало да се ожени со Ана Јагелонска, сестрата на Зигмунт II Август.[88][89] По бегството на Валоа во Франција, Стефан Батори, принцот од Трансилванија, бил избран за крал. Се оженил со Ана Јагелонска, која претходно била прогласена за кралица на Полска.[90] Ана Јагелоска во 1587 година довела до изборот на Зигмунт III Васа, шведскиот принц, за крал на Полска. Тој бил нејзин внук, син на Катерина Јагелон и Зигмунт Август, како и внук на Зигмунт I Стариот.[91][92] Финансии на ЈагелонцитеОснови на ризницата на Јагелонската сојузВо доцниот среден век, кралот на Полска бил обврзан да ги покрие сите давачки на кралскиот двор. Вклучувајќи ги и трошоците за посетите на странските пратеници, пратениците испратени во странство и ги наградувал луѓето кои имале заслуги за кралот или на кралството. Плаќањето на лицата кои имале државни функции се финансирало со стоки или даноци поврзани со канцеларии, со исклучок на рудниците за сол во Краков.[93] Кралот бил најмногу оптоварен со потребата да ги поднесе зголемените воени трошоци кои произлегувале од потребата да се одржуваат платеничките трупи од средината на 15 век.[93] За покривање на трошоци, кралот слободно располагал со приходот од недвижниот имот што му припаѓал (кралските имоти)[94][95] со приходот од рудниците во Мала Полска и руските производители на сол, како и дел од приходите од рудниците за олово и сребро. Главниот извор на приход на кралот биле приходите од царините и патарините, таксите што ги плаќале кралските градови, некои манастири и Евреите што ги давале аза време на патување, во време на династијата Пјаст.[94][95][96] Повремено, кралот добивал приход од ковање монети, а кралските градови, исто така, давале данок по повод кралското крунисување.[97] Според договорот во Кошице од 1374 година, благородништвото било обврзано да плаќа фиксен данок од 2 гроша годишно за еден лан (стара единица за мерење).[97] Со договорот од 1381 година даноците што ги плаќало свештенството биле 2 горша од селското поле и 4 гроша од манастирските ниви.[98] Вклучувањето на Померанија во 1454 година и Ливонија во втората половина на 16 век го зголемиле приходот на кралот, подари дополнителните даноци на приштанишните градови.[99] Јагелонска финансиска кризаОбразованието и науката во Јагелонскиот сојузВладислав II Јагело го реализирал тестаментот на неговата прва сопруга Јадвига Анжујска и на 26 јули 1400 година, ги донирал нејзините лични вредни предмети за реновирање на Универзитетот во Краков, кој бил во изумирање по смртта на Казимир III.[100][101] Обновувањето на Универзитетот го сменило неговиот профил - Факултетот на Казимир кој имал осум правни катедри, бил создаден за обука на административниот персонал,[102] на 11 јануари 1397 година добил дополнителен теолошки факултет со помош на папска була.[103] Главната задача на универзитетот била да образува свештеници.[104] Обврските на кралот содржани во Сојузот во Крево за поддршка на христијанизацијата, со оглед на припојувањето на огромните области на паганска Литванија и рутенските земји населени со православни христијани кон полската држава, имале потреба од значително зголемување на бројот на свештеници.[100] Значаен развој на универзитетот во Краков се случил во втората деценија на 15 век, кога ниските плати на професорите од страна на кралот биле зголемени со приватни донации од страна на благородништвото.[100] Ректорите на Универзитетот, Павел Влодкович и Станислав од Скарбимиерц, активно учествувале во општиот христијански спор за обликот на Црквата и во полско-тевтонскиот судир Гдањска Померанија, создавајќи познати трактати за меѓународното право, преобразувањето на паганите и историските права на Полска и Померанија. Говорите на академиците на Соборот во Констанца, кој бил врв на спорот (Западната шизма) во Црквата, придонеле да се доведе во прашање главната средновековна доктрина – универзализмот.[105][106] Во исто време, интелектуалната работа на универзитетот ја поддржувала надворешната политика на властите на Јагелонскиот Сојуз.[107] Универзитетот станал познат центар на астрономијата и математиката, историските истражувања и првото место за развој на хуманизмот,[108] прифатен од Полска како резултат на нејзиното обединување со Унгарија, која била под италијанско влијание.[109] На крајот на 15 век, Полска била обезбедена со мрежа од парохиски училишта, чија бројност во покраините на кралството одговарала на стандардите во Европа во тоа време, а биле помалѕбројни на територијата во Рутенија.[110] Умешноста на читање и пишување станала широко распространета помеѓу благородниците и жителите на градовите, вклучително и жени од буржоаската класа. Поради професионалната потреба на занаетчиите и трговците[100][110] Лубранската Академијата основана во Познан имала можност да се трансформира следен универзитет.[104] Истовремено, во втората половина на 15 век, професорите од Универзитетот во Краков сè помалку интелектуално соработувале со монархијата.[107] На почетокот на 16 век главниот центар на полската ренесанса бил дворот на Зигмунт I Стариот, кој живеел во ренесансниот замок Вавел изграден по наредба на кралот.[111] Развојот на културата го следел продлабочување на падот на општественото образование. Универзитетот во Краков повеќе не бил интересен за странски студенти поради конкуренцијата од германските универзитети кои ја прифатиле реформацијата. Лишен од покровители и извори на финансирање, држејќи се до архаичните наставни методи, универзитетот неможел да ја задоволи потребата на образување наставници за пониските училишта.[112] Ситуацијата не се подобрила ни со доделување статус на благородници на сите професори, од страна на кралот Зигмунт I во 1535 година, бидејќи поради недостаток на средства, питачењето станало сè почест извор на приход за студентите и предавачите.[113] Богатите полски благородници се повеќе изразувале интерес за воннаставни предавања на колеџите што ќе им овозможувале да го прошират своето знаење за хуманистичките науки. Факултетите со традиционални барања, едуцирајќи свештеници, учители и лекари, биле се попопуларни главно меѓу жителите на градот.[104][114] Во средината на 16 век Академијата во Краков престанала да биде истражувачки центар и не вработувала професори, а најголемите откривачи дејствувале надвор од универзитетот.[115] Револуционерното дело за науката „За ротацијата на небесните тела“ на Никола Коперник, било создадено благодарение на поддршката што ја давал канонот на Вармиската катедрала.[116] Ниските плати и повисокото ниво на образование во другите образовни центри, како и нарушувањето на автономијата на Универзитетот со рамнодушноста од страна на Зигмунт II Август биле причини за простест од страна на студентите и масовно напуштање на универзитетот, што го означило и падот на универзитетот на 4 јуни 1549 година.[117][118] Магнатите се школувале во странски училишта, воспоставувајќи бројни лични контакти, а во 16 век станал обичај на благородниците, да посетуваат практични училишта со општествени активности во магнатските дворови[119] што придонело за појава на феноменот на клиентелизам кај благородниците зависни од магнатот.[120] Војската на ЈагелонцитеВоениот систем на Кралството ПолскаВоениот систем на Полска од 15 век конечно се оформил за време на владеењето на последната династија Пјасти и бил преземен од новата династија без никакви значајни промени.[121] Вооружените сили во јагелонската ера се состоеле од придружници на земјопоседници кои имале имот според витешкиот закон, без оглед на нивниот социјален статус,[122] мобилизирани заедно со приватно оружје[123] како дел од општата давачка[124][125] Свештенството и жените кои имале имоти, немале обврска да служат, туку плаќале воен данок.[126] Обединувањето на полските земји од страна на последната династија Пјасти овозможило обединување на воените должности[125] а кнежевскиот тим што постоел во претходната ера целосно исчезнал пред 14 век.[127] Кралот имал само, постојана лична стража,[128] – мала дворска војска (curienses), составена од млади благородници[129][130] од магнатските семејства[128] кои служеле на кралскиот двор, како и екипи на тврдините, создадени за време на походот за утврдување во време на владеењето на Казимир III Велики[131][132] Градовите-твдини ги бранеле градските милиции, основани од еснавска организации[133] и биле побројни од гарнизоните на замокот[134]. Безбедноста на границите на Кралството Полска ја чувала мрежа од градови-тврдини и замоци. Особено силната линија на тврдини што се протегала низ висорамнината Краков-Вилун го штитела кралството од југозапад.[131][134][135] Големото Кнежество Литванија било помало, со само пет тврдини од тули на крајот на 14 век.[136] Претставници на династијата ЈагелонциПрвата генерација
Втора генерацијаДецата на Владислав II Јагело:
Трета генерацијаДеца на Казимир IV Јагелон
Четвртата генерацијаДеца на Владислав II Јагелон
Деца на Зигмунт I Стариот
Кралеви на Полска од династијата Јагелоници (полско-литванска линија)
Кралеви на Бохемија, Унгарија и Хрватска од династијата Јагелоници (чешко-унгарска линија)
Други претставници на династијата Јагелонци
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia