Доведување до апсурд![]() Доведување до апсурд (лат. reductio ad absurdum) е често употребувана форма на аргумент кој бара да се демонстрира дека дадена изјава е вистинита со тоа што ќе покаже дека од нејзиното неприфаќање произлегува лажен, непостојан или апсурден резултат,[1][2] или, пак, во спротивно да демонстрира дека дадена изјава е лажна со тоа што ќе покаже дека од нејзиното прифаќање се добива лажен, непостојан или апсурден резултат. Појавувајќи се најпрво во древногрчката филозофија (латинскиот назив доаѓа од грчкото ἡ εἰς ἀτοπον ἀπαγωγη или he eis atopon apagoge, „редукција до невозможното“, на пример, во Аналитика Прва од Аристотел[1]), оваа техника се користела низ историјата во формалното математичко и филозофско расудување, како и во неформалните расправи. „Апсурдниот“ заклучок на аргументот reductio ad absurdum може да има различни форми:
Првиот пример кажува дека одбивањето на тврдењето би имало смешен резултат, спротивен од доказите на нашите сетила. Вториот пример кажува дека отфрлањето би имало непостојан резултат: неприфатлив, нефункционален или непосакуван за општеството. Третиот пример е математички доказ, кој вели дека отфрлањето на тврдењето би резултирало во контрадикција (постои најмал рационален број, а сепак постои друг рационален број кој е помал од него). ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia