Договор за создавање на СССР
Договорот, заедно со Декларацијата за создавање на СССР бил одобрен на 29 декември 1922 година со конференција на делегациите од Руска СФСР, Закавказска СФРС, Украинска ССР и Белоруска ССР. Договорот и Декларацијата биле потврдени од страна на Првиот Конгрес на Советите на СССР и потпишан од шефовите на делегациите[1] - Михаил Калинин, Михаил Цхакаја, Михаил Фрунзе и Григориј Петровски, Александар Червијаков[2], соодветно на 30 декември 1922 година. Договорот обезбедил флексибилност за прием на нови членови. Затоа, до 1940 година Советскиот Сојуз пораснал од основачките четири републики на 15 републики. На 8 декември 1991 година, руските, украинските и белоруските претседатели го потпишале Беловешкиот договор. Договорот го прогласил распаѓањето на СССР од страна на нејзините основачки држави и воспоставување на Заедница на независни држави. На 10 декември договорот бил ратификуван од страна на украинскиот и белорускиот парламент. На 12 декември договорот бил ратификуван од страна на рускиот парламент, поради што Руска СФСР се откажала од Договорот за создавање на СССР и де факто ја прогласила независноста на Русија од СССР. На 26 декември 1991 година, СССР бил самораспушен од Врховниот Совет на Советскиот Сојуз. Причини за договоротДоговорот бил резултат на многу внатрешни политички конфликти во Болшевичката партија и владите во Унијата. Првично, Владимир Ленин не сметал дека Октомвриската револуција во Русија ќе ги зацврсти границите на земјата. Ова гледиште било поддржано од Лав Троцки и неговите следбеници, кои верувале дека настаните во Русија се само првиот чекор во идната светска револуција. Меѓутоа, како што Црвената армија се приближувала кон поранешните внатрешни национални и странски граници, на нив им требало изговор да ги преминат истите. Еден таков метод бил создавањето на алтернативна влада, Советска република, која потоа ќе ја преземе власта додека Црвената армија ја собори постојната влада. Ова било случај со Украина, Грузија, Ерменија и Азербејџан и неуспешните кампањи како во Литванија и Полска. Сепак, крајниот неуспех на Црвената армија во Полската кампања го поставил Планот на Светската револуција на Троцки на чекање. Истовремено, растечката улога на Јосиф Сталин водела поинаква агенда. Во пролетта 1922 година, Ленин го доживеал својот прв мозочен удар, а Сталин, кој во тоа време бил Народен комесар, станал нов официјален претседавач како Генерален секретар на Комунистичката партија. Сталин сметал дека по крајот на Руската граѓанска војна, воениот комунизам треба да биде заменет со Новата економска политика, со кое ќе дојде до реорганизација на болшевичката држава како единствен суверен субјект. Ова вклучувало и ликвидација на многу расколни советски влади и враќање на највисокото владеење во Москва. Ова дошло до конфликт со поборниците на т.н. коренизација и некои од локалните власти, особено во Украина (опозицијата на Христијан Раковски) и Грузија (Грузиска афера). Така, договорот можел да се смета како компромис помеѓу различните групи во болшевичкиот камп, за да се задоволат аспирациите на големите малцинства и да се овозможи потенцијално проширување. Белорусија била најмалата република, но сепак нејзините службени јазици ги вклучувале полскиот јазик и јидиш, покрај рускиот и белорускиот. Список на претходни договори
СодржинаОригиналниот документ вклучува насловна страница, декларацијата, договорот (кој содржи предговор и 26 статии) и потписите на делегациите што го потпишале. На насловната страница, името Сојуз на Советските Социјалистички Републики билп напишано на руски, француски, англиски и германски, а на сите тие јазици било напишано и Договор за формирање на Сојузот на Советските Социјалистички Републики. Освен тоа, на насловната страница се наоѓа и оригиналниот државен грб на Советскиот Сојуз. Во почетокот на декларацијата се објаснува зошто е потребен договорот и наведува три фактори за создавање на сојузот. Според првиот фактор, последиците од Граѓанската војна довеле до уништување на многу од економиите на републиките, а обновата на новиот социјалистички начин се покажало тешко без поблиска економска соработка. Според вториот фактор, странските закани продолжувале да се закануваат на социјализмот поради кое суверенитет на земјата бара сојуз за одбрана. Третиот е идеолошкиот фактор според кој советското владеење е интернационалистичко по природа и ги поттикнувало работните маси да се обединат во едно социјалистичко семејство. Декларацијата потоа наведува дека произлезениот Сојуз на Советските Социјалистички Републики е оној што се создава по слободна волја на народите, дека негова цел е да ги следи идеалите на Октомвриската револуција, дека секоја социјалистичка република има право да се придружи и да ја напушти Унијата по своја волја, завршувајќи со најава дека договорот ќе послужи како одлучувачки чекор на патот на обединување на сите работници во Светска социјалистичка советска република. По декларацијата, самиот договор се состои од предговор и 26 статии. Во предговорот е утврдено дека Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република, Украинската Социјалистичка Советска Република, Белоруската Социјалистичка Советска Република и Закавказската Социјалистичка Федеративна Советска Република (Грузија, Азербејџан и Ерменија) кои дејствуваат според слободна волја, се согласуваат да формираат единствен Сојуз на Советските Социјалистички Републики.
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia