Заедница на независни држави
Заедницата на независни држави (ЗНД) (руски: Содружество Независимых Государств — СНГ) е меѓународна организација, или алијанса, која се состои од 11 поранешни советски републики: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан и Узбекистан. Туркменистан го прекинал трајното членство од 26 август 2005 и сега е земја соработничка. ![]() Создавањето на ЗНД било сигнал за распадот на Советскиот Сојуз и, според водачите на Русија, неговата намера била да „овозможи цивилизиран развод“ на советските републики. Но, многу набљудувачи го гледаат ЗНД како алатка со која Русија би можела да го задржи своето влијание врз пост-советските држави. Од неговото формирање, земјите членки на ЗНД потпишале голем број на документи поврзани со интеграција и соработка во полињата на економијата, одбраната и надворешната политика. ЗНД не е конфедерација. Две од пост-советските држави во 1997 го формирале сојузот на Русија и Белорусија, сега конфедерален, со намера да стане федерален (како СССР) во некое идно време. Членки
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia