Докторски менторДокторски ментор — академски работник што упатува аспиранти за докторско звање во научноистражувачка работа[1] на еден факултет. Менторот помага во изборот на градиво, во обликување и уточнување на поддисциплината во која аспирантот пишува дисертација и полага испит.[2] Студентот го одбира менторот зависно од струката и интересите, како и нивната расположливост. За ова самиот ментор треба да даде согласност за ангажманот.[3] Во некои земји, менторот претседава со комисијата каде студентот го брани докторатот, додека во некои менторот воопшто нема право да биде во комисијата. Менторот обично е редовен професор, но во некои земји може да биде и вонреден професор, или пак доцент, делувајќи во со соучество на редовен професор како коментор. Во МакедонијаВо македонскиот високообразовен систем, менторот се бира согласно потесната област на истражување на аспирантот и е член на советот на студиската програма, и од список на ментори по програми и потпрограми, кој се објавува секоја година. Според Правилникот за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, менторот ги има следниве задолженија:[4]
КоменторПо предлог на студентот и менторот, соодветниот совет на студиската програма може да му назначи коментор[4] на студентот од друга студиска програма, како и од друг универзитет од земјата или од странство. РодословиеКај истакнатите научни работници и општествени дејци се зборува за „академско“ или „научно родословие“, кој ја проследува лозата на менторство. Така, на пример, меѓу математичарите, Јохан Фридрих Пфаф му бил ментор на Карл Фридрих Гаус, кој му бил ментор на Кристијан Лудвиг Герлинг — ментор на Јулиус Пликер — ментор на Феликс Клајн — ментор на Фердинанд фон Линдеман, кој пак му бил ментор на Давид Хилберт итн. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia